Skip to main content
делегација
Окт 7, 2023
Општина Охрид
Градоначалникот Пецаков и гостите разговараа за можностите за зајакнување на соработката меѓу Охрид и Болу во повеќе општествени сфери, пред се во делот на економијата, туризмот и културата. Во фокус на средбата беше и можноста за инвестирање во туристичкиот сектор.

Училиште Долно лакочереј
Окт 7, 2023
Општина Охрид
Со средства од буџетот на Oпштина Охрид извршено е комплетно уредување на влезот во училиштето и санитарните јазли.

Прашалник
Окт 7, 2023
Прашалник на ТВМ со Соња Рилковска
Целта на ТВМ, единствената приватна телевизија  во регионот,  е приближување на  темите од локално и регионално значење до лицата со оштетен слух.

Окт 7, 2023
УХМР
Во недела пад на температурите,а од понеделник повторно постепено ќе растат.

ГКК Охрид победа над Соколи
Окт 6, 2023
ГКК Охрид
Приходот од влезниците ид утрешниот натпревар ГКК Охрид ќе ги донира во хуманитарни цели за граѓани кои собираат средства потребни за лекување.

Svetska nedela na deteto
Окт 6, 2023
ОУ Григор Прличев Охрид
Денеска се одржа завршниот настан од одбележувањето на Светската недела на детето. Првачињата дадоа свечена заклетва за прием во детската организација. А приредбата со музички точки и игра го исполна училишниот двор со радост.

Мрежи Духови
Окт 6, 2023
ЈНУ Хидробиолошки завод – Охрид
Акцијата за детектирање и отстранување на таканаречените мрежи духови од езерото ја спроведоа Хидробиолошкиот завод во партнерство со организацијата за заштита на морињата „Healthy Seas“ и нуркачкиот центар „Амфора“. Мрежи беа отстранувани на потегот од Свети Наум до полуостровот Градиште, претежно на локации кои преставуват природни рибни мрестилишта.

Библиотека
Окт 6, 2023
Активности Црвен Крст
Во рамки на одбележувањето на Неделата на млади лица, О.O. на Црвен Крст Охрид, ја организира оваа акција со цел, поттикнување на љубовта кон книгата и читањето меѓу младите.