Сеп 15, 2026
Во тек е потрага и на копно и во вода по 32-годишен скопјанец кој исчезнал од автокамп во Охрид
Полиција, нуркачи и планинската спасителна служба трагаат по лицето пријавено за исчезнато од страна на неговиот татко.
Сеп 15, 2026
Делегација од Министерството за регионална соработка на Израел во посета на Општина Охрид
На средбата двете страни разменале мислења за зајакнување на соработката меѓу институциите, универзитетите и бизнисите со посебен фокус на иновации, претприемништво и технолошки развој, информираа од општината.
Сеп 15, 2026
Во петок акција за подигнување кабаст и зелен отпад У.З.8 ,,Билјанини Извори”
Отпадот треба уредно да се депонира најдоцна до 07.00 часот на 18.09.2026 година и претходно локацијата да се пријави на дежурните телефони.
Сеп 15, 2026
Лице од Албанија со 1,75 промили алкохол удрил во бетонска ограда на булевар Туристичка
По насоки на јавен обвинител, одземено е возилото и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава , информриаат од СВР Охрид.
Сеп 15, 2026
Кривична пријава за точење алкохол на малолетници во Пештани
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 31-годишен охриѓанец и правен субјект од Пештани, откако при контрола на плажа било утврдено дека на четири малолетни лица им биле овозможени купување и консумирање алкохолни пијалаци.
Сеп 15, 2026
Јавна презентација и расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за ДУП за УЗ 8, УБ 8.1-опфат 4
Јавната презентација и јавната расправа ќе се одржи на ден 08.10.2026г.во малата сала на Општина Охрид со почеток во 12 часот.
Сеп 15, 2026
Утре на стрелиштето „Бејбунар” СВР Охрид ќе спроведе вежбовно гаѓање со боева муниција
Граѓаните кои се движат на подрачјето каде се наоѓа стрелиштето, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници.
Сеп 15, 2026
Студентските домови во земјава стануваат енергетско ефикасни
Повеќе од 85 милиони евра ќе бидат вложени во темелна реконструкција на студентските домови и ученичките објекти во земјава. Подобри услови за живот и учење, но и значително пониска потрошувачка на енергија – проектот треба да опфати повеќе од 5.000 студенти и ученици, а меѓу домовите што ќе се реконструираат е и „Никола Карев” во Охрид.







