Skip to main content
Јул 12, 2023
Православен календар
Празник посветен на двајцата славни Господови апостоли, Петар-цврстината на верата и Павле- апостолот на незнабошите.

Јул 12, 2023
УХМР
Вредноста на UV зрачењето ќе биде 10. Носете соодветна заштита од сончевите зраци.

Јул 11, 2023
Нови видови жив свет откриени во изворите кај Св Наум.

Јул 11, 2023
УИНТ
Се покануваат матурантите и нивните родители да го посетат Универзитетот, да се запознаат со студиските програми.

Јул 11, 2023
Топлотен бран
Ни претстојат тропски денови. Од УХМР издадоа предупредување за потокалова фаза. Јавните чешми во Охрид и приградските населби се во функција, додека тимови на Црвен Крст Охрид, од утре, лоцирани на неколку места низ градот, ќе делат вода за сите повозрасни минувачи.

Јул 11, 2023
Општина Охрид
На координативен состанок кој се одржа денеска во општината, претставниците на охридските клубови за водени спортови информираа за деталите за сите 17 спортски настани кои се предвидени во рамки на официјалната програма.

Јул 11, 2023
Охрид низ објективот на фотографот Јонче Поп Стефанија
Изложбата “Охрид 1940 – 45” претставува ретка можност да се видат фотографии од Охрид снимени во периодот на Втората светска војна, како и пред започнувањето на војната, а дел од фотографиите се снимени веднаш по ослободувањето на Охрид, од фотографот Јонче Поп Стефанија.

Јул 11, 2023
60-та Галичка свадба
Почетокот на годинашната „Галичка свадба“ ќе биде означен в сабота, 15 јули, со поставување на свадбарскиот бајрак и симболичниот чин на „фрлање три пушки“ од куќата на зетот. Утрото в недела ќе биде венчавањето на младенците во храмот „Св. Апостоли Петар и Павле“ во Галичник.