Мај 25, 2022
Истакнат хрватски поет
Промоција на збирка поезија од Валерио Орлиќ
Настанот е дел од големата турнеја по Македонија и Албанија, како и Хрватска, каде Орлиќ ќе биде гостин на „Јадрански книжевни средби”.
Мај 25, 2022
Јп водовод охрид
Прекин на водоснабдувањето во стариот дел на градот
Неколкучасовен прекин во водоснабдувањето ќе има во горната зона од стариот дел на градот, информираат од ЈП „Водовод“ Охрид.
Мај 24, 2022
Трета интернационална конференција
Перспективите на балканската археологија
Од 25-ти до 28-ми мај во Охрид ќе се одржи третата интернационална конференција „Перспективите на балканската археологија“.
Мај 24, 2022
Одбележување празници
Одбележан Денот на Сесловенските просветители
Одбележан Денот на Македонските и Сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј. Браќата мисионери на христијанството.
Мај 24, 2022
Се намалува бројот на пеликани во земјава
МЕД заедно со соработници од ПП Езерани и НП Галичица учествуваа во меѓународното пребројување на пеликани во ЈИ Европа.
Мај 23, 2022
Ден на македонските просветители
Промовирана книгата за светите браќа Кирил и Методиј
Промовирано изданието „Книга за светите браќа Кирил и Методиј“ од Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски во рамки на свеченостите по повод Денот на сесловенските просветители. Пред нас имаме дело што уште еднаш ги потврдува и ги реактуелизира и по милениум, заложбите на Св. Кирил и Методиј да се зборува на сопствениот јазик, ќе каже промоторот на делото. Ова дело на Пандев и Ѓорѓо Димоски е 5-то по ред, од серијалот на книги на охридски и македонистички теми чиј издавач е Општина Охрид.
Мај 23, 2022
СОСУ св. кирил и методиј
Ученици ги претставија своите професионални модели
Средношколците од стручното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во рамки на одбележувањето на патронатот, го промовираа проектот „Мојот професионален модел на вработен“. Станува збор за претставување на иновативен и интересен начин на соработка на учениците со вработените во претпријатијата каде што се обавува практиканство. Проектот е организиран од средното училиште „Св. Кирил и Методиј“, под менторство на професор Весна Карамитре, во соработка со професор Гордана Бешироска Ристеска.
Мај 23, 2022
Национални паркови
НП Галичица и пријателите поблиску до вас
Отворен ден „Национален парк Галичица и пријателите поблиску до вас“, со цел промоција на сите туристички вршители на дејност и самиот парк.