Skip to main content
Јул 1, 2023
Дајте музика
Граѓаните како публика можат да бидат дел од снимањето на втората сезона на „Тин камп”.

Јул 1, 2023
УХМР
Утринската температура до 16, а максималната дневна до 28 степени.

Јун 30, 2023
Агенција за храна и ветеринарство
Вработените во градинките во општините од Југозападниот плански регион на работилницата во Охрид учеа за критериумите за квалитет и безбедност на храната која се подготвува и служи во градинките.

Јун 30, 2023
Државен завод за статистика
Според податоците од ДЗС најмногу бесправно се вршеле адаптации на објекти (проширувања), се граделе огради, помошни објекти и настрешници, а биле изградени 7 објекти за домување.

Јун 30, 2023
Паневропската Унија на Македонија
Охрид дел од циклус кафе дебати на кои се дискутираат теми за превземените иницијативи на локалните заедници, во насока на приближување на Македонија кон Европската Унија. Дебатите ги организира Паневропската Унија на Македонија.

Јун 30, 2023
СВР Охрид
И ова лето, полициските службеници се фокусирани да имаме безбедна сезона во сите сектори, од сообраќајот, јавниот ред и мир и безбедноста, која се однесува на имотните деликти, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Јун 30, 2023
Пливање, здравје и дружење
Од пливачкиот клуб „Акваспирит“ велат дека досега се пристигнати повеќе од стотина пријави, не само на охриѓанчиња, туку и деца од други градови, кои сакаат да ги совладаат тајните на пливањето. Повеќе од потребен му е функционален затворен пливачки базен на Охрид, за да може да се врати на врвот на македонското пливање.

Јун 30, 2023
Општина Охрид
Се забранува изведување градежни работи од типот висока и ниска градба во летниот период во Охрид.