Окт 19, 2023
Поради административни пречки може да пропадне проектот за Дневен центар во Охрид
Доколку до крајот на октомври не завршат сите административни процедури, ќе пропадне сонот за отворање на Дневен центар за децата со посебни потреби во Охрид. Ќе пропадне и обезбедениот грант од Светска банка во висини од 150 000 евра за негово опремување во просториите на поранешната касарна. Проектот заглави околу административните документи за просторот.
Окт 19, 2023
„Ние сме Европа“ во Охрид
Маричиќ: Туризмот е на врвот на приоритетите на Европската Унија
Со секој чекор во претпристапниот процес кон ЕУ ќе се отвараат нови и уште поголеми можности за фондови и поддршка од Брисел, но и за развој на туристички капацитети и за нови туристички понуди. Културното наследство и природата треба да бидат ставени на пиедестал доколку сакаме да имаме одржлив туризам. Ова беше истакнато од говорниците на вчерашната трибина во Охрид од кампањата Ние сме Европа.
Окт 19, 2023
ЈП Охридски Комуналец
Поставени 10 контејнери за електричен отпад на територијата на Општина Охрид
Оваа иницијатива претставува значаен чекор кон заштитата и одржливоста на животната средина, помагајќи во намалувањето на опасниот отпад на улиците и сузбивањето на создавање на диви депонии околу контејнерите.
Окт 19, 2023
ЈП Охридски Комуналец
Во сабота акција за подигнување кабаст отпад во У.З.14 Радојца Новичиќ
Граѓаните доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 21.10.2023 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон.
Окт 19, 2023
Општина Охрид
Промоција на книгата „За Македонистиката отворено“ од Свето Стаменов и Димитар Пандев
„За македонистиката отворено“, книга 1 , содржи 21 радио разговор емитуван во периодот од 19 ноември 2016 година до 14 февруари 2022 година во авторскиот проект Quo vadis и во редовната саботна програма Радио Спектар на Македонското Радио.
Окт 19, 2023
УХМР
Сончево и потопло со температура до 19 степени
До сабота претпладне, во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди.
Окт 18, 2023
одговор при кризни состојби и катастрофи
Црвен крст Охрид дел од „Хуманитарен одговор 2023”- дејствување при земјотрес
Главната цел на вежбата е да се претстават капацитетите, можностите и подготвеноста на Црвениот крст во координираниот пристап за одговор при кризни состојби и катастрофи.
Окт 18, 2023
Заседаваше Националната комисија за УНЕСКО за заклучоците од Ријад на Комитетот за светско наследство
Костадиновска-Стојчевска ги повика МЖСП, министерството за транспорт и врски и за финансии, општините Охрид, Струга и Дебрца, ЈУНП Галичица, Хидробиолошки завод интензивно и со заедничка посветена работа и реализација на заклучоците, сите да придонесат во зачувувањето на статусот на светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион.







