Skip to main content
Мај 13, 2022
Тековни годишни активности
Градскиот стадион „Билјанини извори“-фудбалското игралиште, ќе биде затворено за користење во период од 15-ти мај до 5-ти јуни.

Мај 12, 2022
Охридско крајбрежје
Агенцијата за просторно планирање не го изработи Планот за уредување на плажите. Пецаков вели, Унеско не бара слободни плажи, туку уредени.

Мај 12, 2022
Охридски регион
Афирмација на праисториското културно наследство од Охридскиот регион. Првата активност е одржување на концерт на бендот „Next to Silence“.

Мај 12, 2022
Продлабочување на соработката
Амбасадорот на Словенија во Македонија, Н.Е. Милан Предан беше во посета на Општина Охрид и оствари средба со градоначалникот Пецаков.

Мај 12, 2022
ЈП Охридски комуналец
ЈП Охридски комуналец избра демирхисарска ветеринарна амбуланта која на хуман начин ќе ги третира бездомните кучиња. Засега се мапирани околу 70 тина кучиња на различни локации низ градот кои ќе бидат вакцинирани, кастрирани и повторно вратени на улица.

Мај 12, 2022
Еколошка акција
Собрани големи количини отпад во еколошката акција „Генералка викенд“. Целта е подигнување на еколошката свест за одговорност кон природата.

Мај 11, 2022
Инфраструктурни проекти
Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици и фирмата задолжена за надзор на изведбата на ул „Јане Сандански“ и „15 Корпус“ вршат увид на техничките пропусти кои се јавуваат по повеќе од една година по реконструкцијата на овие сообраќајници. Санацијата ќе ја вршат изведувачите на градежните работи, а трошокот е на нивен товар, информираат од локалната.

Мај 11, 2022
Сообраќај
Сообраќајната култура е на ниско ниво во нашата средина.На светскиот дена на културата во сообраќајот за намалување на сообраќајниот хаос е потребно зголемено внимание на сите учесници на јавните површини.