Апр 15, 2022
Христијански празник
Утре е Лазарова сабота
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) утре е Лазарова сабота. Како еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус, Лазарова сабота е променлив празник и секогаш се паѓа еден ден пред Цветници, кои се точно една недела пред најголемиот празник Велигден.
Апр 14, 2022
Рурален развој
Интензивна градежна пролет во општина Дебрца
Забрзано се привршуваат започнатите проекти, а се работи и на детектирање на нови приоритетни потреби на жителите кои ќе се реализираат оваа и следната година. Општината чекори кон зацртаната цел да биде препознатлива природна и културна дестинација во регионот.
Апр 14, 2022
Домашно производство
Граѓаните да се свртат кон селата
70% од земјоделските површини во регионот се необработена почва. Во време на инфлација која е во постојан раст, клучно е да се свртиме кон свое домашно производство. Граѓаните кои се во можност да почнат сами, барем за себе да произведуваат храна. На тој начин ќе ја избегнат високата цена на пазарите, порачуваат земјоделците.
Апр 14, 2022
Свр охрид
Засилени сообраќајни контроли
Полициски службеници извршиле контрола на 12 автобуси за јавен превоз, при што не констатирале технички неисправности. Воедно, казнети се 5 пешаци во Охрид, 9 во Струга за преминување коловоз надвор од обележан пешачки премин.
Апр 14, 2022
Нарушен јавниот ред
Тепачка на булеварот Туристичка
Млад охриѓанец нападнал сограѓанин на булеварот „Туристичка“ во Охрид. Од СВР Охрид информираат дека против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Апр 14, 2022
Бизнис и наука
Стартап викенд во Охрид
Oд утре до 17 април во Охрид на УИНТ „Св. Апостол Павле“, Охрид, ќе се одржи Стартап викенд поддржан од Startup Macedonia.
Апр 14, 2022
Градски стадион
Активности за уредување на СРЦ „Билјанини извори“
Се одвиваат активности за уредување на Спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“ во Охрид. Се уредуваат неколку илјади м2 тревни површини.
Апр 14, 2022
Екологија
Инспекциски надзор за еколошкиот инцидент во Охрид
Извршен вонреден инспекциски надзор од страна на Државен Инспектор за животна средина за еколошкиот инцидент во Охрид.