Апр 9, 2022
Тридневен семинар во Охрид
Напредна академија за лидерство 2022
Во хотелот Милениум Палас во Охрид започна првиот дел од тридневниот семинар, “Напредна академија за лидерство 2022“, под покровителство на Советот на Европа.
Апр 9, 2022
Програма за трето одделение
Основци во посета на Општина Охрид
Ученици од ОУ „Св. Климент Охридски“ и ОУ „Кочо Рацин“ во посета на Општина Охрид. Младите гости ги прими градоначалникот Кирил Пецаков.
Апр 8, 2022
Туризам
Жените важна алка во Македонскиот туризам
Охриѓанки учествуваа на првата конференција „Хероини на туризмот“. На манифестацијата споделија сопствени искуства од создавањето туристичка понуда. Жените со нивните изработки и занаети се важна алка во туризмот.
Апр 8, 2022
Творештво
Изложба на дела од роднокрајни писатели
Со изложба на книги ќе се одбележат родендените на роднокрајните автори родени во април. Томе Момировски, Миле Волканоски, Куртиш Демироски- Незир, Боро Ситникоски, Веле Митаноски, Дамјана Видическа, Мишо Јузмески и Ѓоко Чингоски.
Апр 8, 2022
Градска библиотека
Саем на книга во Охрид
Од понеделник до петок (11.04-15.04) во Градската библиотека „Григор Прличев“ ќе се одржи Саем на книга од издавачот Матица македонска.
Апр 8, 2022
Попис 2021
Охрид старее и се празни
Пописот покажа дека Охрид изгубил најголем дел од младата популација. Според резултатите од пописот лани, денес најбројна е возрасната група на население од 60 до 69 години, за разлика од пред две децении, кога најбројна категорија биле младите од 20 до 24 години.
Апр 8, 2022
Сообраќајни контроли
Казнети 17 пешаци во Охрид
При засилени сообраќајни контроли, казнети се 17 пешаци во Охрид, 19 во Струга. Тие извршиле небезбедно преминување на улица и преминале коловоз надвор од обележан пешачки премин.
Апр 8, 2022
Свр охрид
Стружанец пронајден во бессознание во своето возило
49-годишен стружанец пронајден во бессознание во својот автомобил на локален пат во охридското село Долно Лакочереј. Во возилото е пронајден и шприц со остатоци од течност.