Skip to main content
Апр 7, 2022
Проект Усаид
Градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески беше дел од проектот за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите.

Апр 7, 2022
Синдикални протести
Вработени во судската администрација и фондовите во Охрид го искажаа своето незадоволството од непочитување на Законот за минимална плата. Бараат нето плата од 18 000 денари веднаш за сите вработени кои во овој момент се под законскиот минмум и линерано зголемување на сите останати плати за износ од 2806 денари. Платата за месец март се исплаќа по старо , но кој ќе ја сноси одговорноста за непочитување на Законот за минимална плата? – прашуваат вработените во управата и правосудството.

Апр 7, 2022
Историја
Охриѓани му оддадоа почит на еден од тројцата најголеми охридски војводи. Наша должност е да го чуваме споменот на охридскиот револуционер, порача потомок од семејството Патчеви.

Апр 6, 2022
Туризам
За 20-тина проценти се поскапени цените во хотелско угостителскиот сектор. Трендот на поскапување ќе продолжи и во следните месеци. Туристичките работници стравуваат дека повисоките цени ќе придонесат за помал број на гости, бидејќи цената е пресудна за организирање на летните одмори.

Апр 6, 2022
Одбележување јубилеј
Општина Охрид на пригоден начин ќе одбележи 120 години од смртта на Методи Патчев. Погледнете каква програма подготвиле за овој јубилеј.

Апр 5, 2022
Рехабилитација и санација
Денес се уредуваше дворот на црквата „Св. Богородица Перивлепта“. Поставена е нова тампон основа и извршено е прередување на каменот.

Апр 5, 2022
Археологија
Завршија едномесечните археолошки истражувања на градскиот Плоштад на четири локации. На последната се пронајдени монети и делови од градби кои датираат од поново време. Артефактите се откриени со помош на сонда на длабочина од половина метар.

Апр 5, 2022
Комуналец на терен
Денеска екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ подигнаа кабаст и комунален отпад кој беше расфрлан од несовесни лица во месноста Црногорци и ул. Кленоец кај Касарната.