Мар 29, 2022
Мини маркет
Започна санацијата на плоштадот
По налог на Општина Охрид екипи на јавните претпријатија започнаа со санација на плоштадот кај „Мини маркет“ кој подолг временски период беше неуреден и запуштен.
Мар 29, 2022
охридски комуналец
Акција за кабаст отпад во Пештани
На 30.03.2022 година (среда), ЈП „Охридски Комуналец“ организира акција за подигнување на кабаст отпад во Пештани. Од Јавното претпријатие апелираат до жителите на ова село, кабастиот отпад да го депонираат најдоцна до 8 часот во среда.
Мар 29, 2022
партерно уредување
Нови камени коцки на ул. Климентов Универзитет
Се уредуваат краците на улицата „Климентов Универзитет“ во стариот дел на Охрид. Уништените коцки се заменуваат со нови, а изведувач на градежните работи е фирмата „Бокоп“.
Мар 28, 2022
Градежни активности
Реконструкција на пешачка патека на бул. Туристичка
Се одвиваат градежни активности за реконструкција на пешачката патека на булеварот Туристичка. Активностите се во рамки на Програмата за уредување на градежно земјиште.
Мар 28, 2022
Пронајдено безживотно тело
Исчезнатиот охриѓанец пронајден мртов
63-годишниот охриѓанец Владо Ќосески, кој беше пријавен за исчезнат и по кого се трагаше неколку дена е пронајден мртов. Според првичните информации се работи за самоубиство.
Мар 28, 2022
Бегалци Украина
Семејството Орловски се привикнува на живот во Струга
Семејството Орловски од Украина кое е бесплатно сместено во вила во Струга полека се привикнува на животот далеку од татковината. Сопственикот на вилата кој го отвори својот дом, вели од хуманитарни побуди преку социјалните мрежи понудил помош за бегалци од Украина.
Мар 28, 2022
Хидробиолошки институт
130 годишнина од раѓањето на Синиша Станковиќ
Хидробиолошкиот Институт ја одбележа 130 годишнината од раѓањето на Академик Синиша Станковиќ. Лимнологот, вљубеник во Охридското езеро е иницијатор за формирање на Институтот. Денес, Хидробиолошки е реномирана научна установа која го проучува живиот свет во Охридското Езеро.
Мар 28, 2022
Туристички сектор
Повеќе туристи се очекуваат летово
Туристичките работници покажуваат оптимизам за претстојната летна сезона по враќањето од одржаниот Белградски саем. Ова лето се очекува поголем број на традиционалните туристи меѓу кои се и српските гости. На нашето крајбрежје се очекуваат полските гости, а се враќаат и израелците.