Продолжните кабли се почеста причина за пожар
Неисчистените оџаци пак, и понатаму се на врвот од најчестите причини за интервенција на пожарникарите. Упатуваат предупредување, граѓаните да внимаваат при купување на продолжни кабли и на проодноста на оџаците.
Ковид пациентите од модуларната болница во Охрид се преселија на Инфективното одделение
Петнаесеттина пациенти се преселени на Инфективното одделение по протекување на вода во внатрешноста како резултат на кондензација во објектот. Министерството за здравство е известено и треба да преземе мерки за санирање на проблемот, информира директорот на охридската Општа болница.
Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ од рано утрово на терен
Со новите снежни врнежи кои го зафатија охридскиот регион уште од синoќа дежурните екипи на Ј.П.„Охридски Комуналец” излегоа веднаш на терен.
Долгот на Општина Охрид изнесува околу 857 милиони денари
Долгот на Општина Охрид изнесува околу 857 милиони денари или 14 милиони евра. Во 2019 година со финансиска помош на Владата за раздолжување на општината тој беше намален на околу 530 милони денари, а во физибилити студијата која ја усвоија градските советници и дадоа зелено светло за конечно раздолжување преку земање кредит долгот изнесуваше 296 милиони денари. Градоначалникот Кирил Пецаков, на прес-конференција информира дека само во текот на предзиборниот период, пред почетокот и во текот на кампањата долгот на Општина Охрид нараснал за повеќе од осум милиони евра. Комулативно долгот на општината и сите општински јавни претпријатија изнесува околу 22 милиони евра.
Тепачка на булеварот „Туристичка“
На 07.02.2022 година во 17:30 часот пред угостителски објект на булеварот „Туристичка” во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ј.С. (41), Н.А. (63) и М.Б. (58), сите од Охрид.
Крај на првиот дел од сезона 2021/2022 во Супер лигата
ГРК Охрид докажа и покажа дека не се предава во трката за место кое води во плеј-офот. Пред зимскиот одмор, Охрид е на 5-то место и се впиша во плеој-оф фазата.
Најавеното зголемување на температурите не е закана за предвремено потерување на овошките
Зголемувањето на утринските и на дневните температури кое се прогнозира за оваа недела, од -2 до 5 и од 3 до 15 степени, не претставува закана за предвремено потерување на овошките.
Сообраќајна несреќа на „Туристичка“, повредени две лица
Сообраќајна несреќа се случи утрово на кружниот тек помеѓу булеварот ,,Туристичка“ и улицата „Стив Наумов“ во Охрид. Во несреќата учествувале две возила.