Skip to main content
Фев 4, 2022

Театарската претстава „Сопружници“ која беше закажана за денес, се презакажува за 18.02.2022 (петок).


Дек 15, 2021

Ј.П.„Охридски Комуналец” ги известува граѓаните на општина Охрид дека на ден 18-ти декември, сабота, организира акција за подигнување кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.)  од 8-ма Урбана единица. Со акцијата ќе бидат опфатени улиците: „Никола Карев”, „8-ми Септември”, „Мирче Ацев”, „Лазо Трпоски”, „Галичица”, „Ванчо Питошески”, „Билјанини Извори“, „Карпош Војвода”, „Сирма Војвода” и други споредни улици од овој реон.


Фев 4, 2022

Закажана осмата седница на Советот на општина Охрид на ден 10.02.2022 година ( четврток ) со почеток во 09:00 часот.Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.


Дек 15, 2021

Во тек е крводарителска акција во просториите на Факултет за туризам и угостителство – Охрид во периодот од 10-14 часот.


Фев 4, 2022

На одделот за гинекологија и акушерство при Општа Болница Охрид, беше изведен сложен гинеколошки зафат на абдоминална хистеректомија со билатерална салпинго – офоректомија, кај пациентка со двојни мочоводи.


Дек 15, 2021

За по еден сантиметар е зголемен водостојот на Охридското и на Преспанското Езеро, а нивото на Дојранското Езеро е исто како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).


Фев 3, 2022

Екипите на „Паркови и зеленило” денеска спроведоа активности за тековно одржување на јавното зеленило во стариот дел од градот.


Дек 15, 2021

Градоначалникот Кирил Пецаков, присуствуваше на презентацијата на проектот „Заштита на нашиот бисер, Охридското Езеро“. Проектот е финансиран во рамки на програмата за поддршка на граѓанското општество „ЦИВИКА – мобилитас“, а имплементатор е Граѓанската организација „КАБ“ – Струга.