Охрид ќе го враќа автентичниот изглед на објектите во Чаршијата
Направена е анализа за изгледот и состојбата на секој објект, а ќе следува изработка на Правилник кој ќе ја даде визијата како да изгледа Охрид во иднина. Првично ќе се стартува со пилот проект со избрани шест дуќани на кои ќе им се заменуваат излозите со соодветна дограма.
Јапонска донација мобилен дигитален рендген апарат за хируршкото одделение при Општа болница Охрид
Потпишан Договор за имплементација на проект од грант програмата за човекова безбедност од Јапонската влада со општина Охрид и Општа болница Охрид. Станува збор за вредна донација на мобилен дигитален рендген апарат за хируршкото одделение при Општа болница. Ова е втора голема донација од јапонскиот народ за охридската болница по набвката на амбулантно возило.
БОБ Црвен крст Охрид ќе учествува на 7-от Меѓународен Бреинобреин натпревар
Во конкуренција од преку 25 илјади учесници од 75 земји од целиот свет, 59 ученици кои ја следат интернационалната Бреинобреин програма во Центарот за развивање на животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид ќе учествуваат на 7-от Меѓународен Бреинобреин натпревар кој ќе се одржи на 29 јануари 2022 г. на онлајн платформа.
Усвоен нацрт буџетот на Општина Охрид за 2022 год
Со усвојување на нацрт буџетот на денешната седница на Советот на Општина Охрид започна постапката за донесување на општинскиот буџет за 2022 година. Опозицијата гласаше воздржано за најголем дел од нацрт програмите со надеж дека забелешките ќе бидат земени во предвид во финалната верзија на буџетот. На денешната седница покрај нацрт развојните и годишни програми од разни сфери, поминаа и 22 легализации на бесправно изградени објекти.
Закажана 4-та седница на Советот на општина Дебрца
Свикана 4-тата седница на Советот на општина Дебрца. Седницата ќе се одржи на ден 28.01.2022 година (петок), со почеток во 13:00 часот, во салата за седници на Советот на општина Дебрца.
Одделот за зајмување книги во НУ Библиотека се сели во делот на некогашно „Охридско лето“
Од вторник 7-ми декември, во пресрет на големиот празник посветен на Свети Климент Охридски – Патронот на Охрид, НУ Библиотека „Григор Прличев“ и официјално ќе го отвори адаптираното крило во кое претходно функционираше дирекцијата на фестивалот „Охридско лето“.
Честитка на градоначалникот Пецаков по повод празникот Св. Сава
Градоначалникот Кирил Пецаков, по повод празникот Свети Сава упати празнична честитка до припадниците на српската заедница.
31-годишен охриѓанец нападнал полициски службеници на Туристичка
На 06.12.2021 година во 00.15 часот во СВР Охрид приведен е Ј.А.(31) од Охрид, кој претходно агресивно се однесувал кон полициските службеници кои, на булеварот „Туристичка” во Охрид преземале службени дејствија.