ВМРО ДПМНЕ Охрид : Ја осудуваме хајката против градоначалникот Пецаков додека институциите во служба на СДСМ молчат за премиерот Ковачевски
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид јавно ја осудува хајката којашто се води против градоначалникот Пецаков додека властите молчат за премиерот Ковачевски.
ОПШТИНА ОХРИД ЌЕ ДОДЕЛУВА СТИПЕНДИИ ЗА УЧЕНИЦИ И СТУДЕНТИ СО РЕТКИ БОЛЕСТИ И ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ
Општина Охрид во рамки на програмите за претстојната година за прв пат предвидува доделување на стипендии за ученици, студенти, магистранти и докторанти со ретки болести и посебни потреби, кои учат и студираат во државни и приватни училишта односно универзитети.
Старото градско јадро на Охрид, културолошки резервоар
Старото градско јадро на Охрид претставува еден културолошки резервоар, каде под секој чекор лежат пластови културни остатоци од минатите векови.
Академик Љупчо Коцарев добитник на Св. Климентовата награда-Патрон на Охрид за 2021
Наградата Св. Климент Охридски – Патрон на Охрид за 2021 година во рацете на академик Љупчо Коцарев. Комисијата за одбележување празници и доделување награди и признанија годинава додели три повелби. Светиклиментова повелба годинава се доделува на Гордана Лолеска, Здружението ЕКО ФАП и постхумно на Мишо Јузмески.
Повторно се излеваат отпадни води во езерото кај каналот Студенчишта
Преку отворено писмо до Градоначалникот на Охрид од граѓанската иницијатива Охрид SOS повикуваат итно да се спречи загадувањето на Охридско Езеро. Ова е стар проблем кој се провлекува со децении кај месноста „Мазија“, а од надлежните нема решение и покрај бројните најави за спречување на излевањето на отпадни води на тој потег.
Лицата со посебни потреби сеуште на маргините на општеството
Бавно се случуваат промени кон подобро во сите сфери на социјалниот живот на лицата со попреченост, укажуваат од здруженијата за заштита и подобрување на нивните права. Општина Охрид ќе дава и понатаму поддршка за обезбедување на достојни услови за живот на овие лица, порача охридскиот градоначалник Кирил Пецаков по повод 3-ти декември Светскиот ден на лицата со попреченост.
Кризниот штаб препорача ковид-изолацијата да трае седум дена
На синоќешната седница Главниот координативен кризен штаб ја усвои препораката на Комисијата за заштита од заразни болести за кратење на периодот за изолација на ковид-позитивните од десет на седум дена.
Утре се празнува Воведение на Пресвета Богородица Пречиста
На 4-ти декември православните верници го празнуваат големиот христијански празник Мајката Божја Воведение на Пресвета Богородица или кај народот познат како Пречиста. Овој празник спаѓа во дванаесетте големи празници.