Утре започнува етапната исплата на јануарски пензии зголемени за 2,9 %
Министерството за труд и социјална политика известува дека од утре 26.01.2022 год. (среда) започнува етапната исплата на јануарски пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.
Најголем број на слободни работни места има во услужни дејности и продажба
Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2021 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.69 %.
Запленета рибарска мрежа кај Свети Стефан со 45 кг риба
На 20/21.02.2022 во периодот од 17 до 01 часот, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор – Охридско Езеро, презеле мерки и активности за откривање и спречување незаконит риболов.
За туристичките населби нема редовен линиски превоз од и кон Охрид
Жителите бараат враќање на укинатите линии и еден превозник кој ќе сообраќа на оваа релација. Се жалат дека се чека со часови превоз, а посебно катастрофален е превозот во недела.
ОХРИД ВОЛШЕБЕН КАКО ОД БАЈКИТЕ
Охрид заблеска во Новогодишен сјај. За украсувањето на централното градско подрачје преку јавен повик ангажирана беше фирмата „Металват. Украсени се улиците „Македонија“ и „Македонски Просветители“, Градскиот кеј и Градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“.
Преку јапонски искуства до соодветна заштита на Охридското Езеро
Амбасадата на Јапонија во Скопје на втори февруари годинава ќе одржи предавање на тема „Балансирање на зачувување на животната средина и регионална/туристичка промоција на Охридското Езеро преку соодветно управување со местата на светското наследство“ од страна на јапонски експерти.
Напуштена идејата за изградба на регионална депонија во Дебрца
Градоначалниците од Југозападниот и Пелагонискиот плански регион остварија средба со министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, на која се презентираа идните активности кои се однесуваат на воспоставување на систем за управување со отпад за овие региони.
Нови чартер летови најавуваат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот
Нови авио чартер линии за зголемување на бројот на туристи во 2022 година, најавуваат од Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот. Се работи на авио поврзување со Измир, Тел Aвив, Белград и други дестинации. Впечатоците од претставувањето на туристичките потенцијали на земјава на саемите во регионот се позитивни.