ЈП „ОХРИДСКИ КОМУНАЛЕЦ“ СО ВОНРЕДНИ АКТИВНОСТИ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ГРАДСКИОТ КЕЈ
Поради временските неприлики и засилениот јужен ветер, екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ во текот на изминатиот викенд беа вонредно ангажирани за расчистување на градскиот кеј, на потегот од пристаништето до Холандскиот Парк.
м-р Милчо Јованоски нов директор на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид
На Јавен оглас за избор на директор на Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид распишан од страна на Министерството за култура, министерот за култура за директор на Библиотеката со мандат од четири години го избра кандидатот Милчо Јованоски кој и досега беше вработен во оваа установа.
Пациентите со механичка поддршка да се ослободат од партиципација за здравствени услуги
Здружението „Храбро срце” бара ослободување од партиципација на пациентите со механичка поддршка. Велат тоа е старо ветување од Министерството за здравство, кое треба да се исполни од почетокот на идната година. Успешните пет трансплантации на срце во земјава кои досега се направија, влеваат надеж на 25 пациенти, кои сеуште чекаат шанса за нов живот.
Зголемена побарувачката за огревно дрво во Охрид
Стравот од енергетската криза ги натера охриѓани да набавуваат и резервни количини на дрво за затоплување на домовите оваа зима. Охридското стовариште на Национални шуми располага со доволни количини огревно дрво кое се продава по иста цена со години.
Зголемен водостојот на Охридското езеро за еден сантиметар
За по еден сантиметар е зголемен водостојот на Охридското и Преспанското Езеро, додека нивото на Дојранското Езеро е исто како вчера.
Нападната вработена во Инфективното одделение во Охрид
Во СВР Охрид е пријавено дека во Инфективното одделение во Охрид, едно лице најнапред вербално, а потоа и физички нападнало вработена на oдделението.
Возило излетало од патот кај „Андон Дуков“
На 28.11.2021 година во 14.50 часот, на регионалниот пат помеѓу селото Подмолје и влез за автокампот „Андон Дуков”, патничко возило „Ландровер”, со охридски регистарски ознаки, управувано од К.Т.(76) од Струга, излетало надвор од коловозот.
Од среда забрана за употреба на пластични кеси
Од оваа среда, 1-ви декември стапува на сила забраната за употреба на пластични кеси, а ќе биде дозволена употреба само на биоразградливи, кои ќе се продаваат по цена од 15 денари. Најголем дел од надоместокот ќе оди во Фондот за заштита на животната средина.