ИНТЕНЗИВНИ ТЕРЕНСКИ АКТИВНОСТИ НА ЈП „ОХРИДСКИ КОМУНАЛЕЦ“
Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ деновиве спроведуваат интензивни теренски активности во повеќе сегменти од доменот на своето работење.
Пронајдена дрога кај две лица од Охрид
На 25.11.2021, полициски службеници од СВР Охрид и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, ги лишија од слобода И.Д.(45) и Д.Д.(45), двајцата од Охрид.
Зачуван дел од македонското непроценливо богатство
Автохтони семиња од градинарски култури како домат, граор, босилок, тиква, пепун, и друго како и ретки диви видови растенија како Бертолониева жалфија, флорентинско јаболко, киселец од регионот на Белчишко блато ќе се конзервираат, испитуваат и размножуваат во Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје. Целта е повторно да се заживеат и да се садат во градините локални сорти кои се се поретки и ги има само во колекции семиња зачувани од баби и дедовци во селата.
УХМР предупредува за нивото на Охридското езеро
Од УХМР со предупредување за нивото на Охридското Езеро.
МИСИЈАТА И ВИЗИЈАТА НА ЦРВЕН КРСТ ПРЕЗЕНТИРАНИ ПРЕД ОПШТИНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА
Дел од вработените во општинската администрација денес присуствуваа на Сесија за дисеминација што ја организира Црвениот Крст од Охрид со поддршка на Меѓународниот Комитет на организацијата.
ПРВ РЕГИОНАЛЕН САЕМ НА СОЦИЈАЛНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ОД ЈУГОЗАПАДНИОТ РЕГИОН ВО ОХРИД
Денес во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа првиот Регионален саем на социјални претпријатија од Југозападниот регион во организација на Регионалниот центар за поддршка на социјални претпријатија и проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“.
Започнува исплатата на ноемвриските пензии
Министерството за труд и социјална политика известува дека од денес 26.11.2021 год. (петок) започнува етапната исплата на ноемвриските пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.
Гладијаторите денес ќе ги одмерат силите со екипата на Тиквеш
Во рамки на 12-то коло од Супер лигата, ракометарите на ГРК Охрид гостуваат во Кавадарци, каде што ќе ги одмерат силите со екипата на Тиквеш.