Skip to main content
Фев 22, 2021

Поради зголемениот интерес за новата премиера на Народен Театар Охрид, претставата “Сопружници” од Вуди Ален во режија на Драгана Таневска, на задоволство на публиката повторно е на репертоарот на НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид.


Фев 22, 2021

Во текот на изминатото деноноќие (21/22.02.2021 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 468 прекршоци.


Ное 24, 2021

Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид денеска и утре со почеток од 18:00 часот се прикажува филмот за деца „Брат ми брка диносауруси“, најдобар филм за млада публика на Европската филмска академија во 2020 година. Филмот е снимен според бестселерот на Џакомо Мацариол.


Фев 22, 2021

На пригодна свеченост, почитувајќи ги мерките за заштита од Ковид-19, во просториите на Црвен крст Охрид беа доделени наградите на децата од Бреинобреин Центарот за развивање животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид кои учествуваа на шестиот Интернационален Бреинобреин натпревар кој се одржа на 9 јануари 2021 година.


Фев 22, 2021

Директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија Абдуш Демири на прес-конференција во Владата на РСМ со апел до јавноста и граѓаните за важноста на почитувањето на законските рокови за пријава во евиденција на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.


Фев 22, 2021

Извидничкиот езерски одред „Пионер“ од Охрид и оваа година почитуваќи ги епидемиолошките мерки за заштита од вирусот го одбележа Светскиот Ден на извидниците, 22-ри февруари.


Фев 19, 2021

Граѓаните надвор од заштитената зона и во руралните средини кои имаат објекти во постапка на легализација бараат процесот да продолжи. Градоначалникот Константин Георгиески планира на следната седница на Совет да стави на дневен ред предлог одлука со која ќе се изземат  од легализација градбите во рамки на НП Галичица и крајбрежјето а другите постапки да бидат продолжени. Со мораториумот беше времено стопирано вклопувањето во плански докоментации бесправно изградени објекти.


Фев 19, 2021

Самуиловата тврдина, Охридската гимназија „Св. Климент Охридски“, Античкиот театар, црквата „Св. Софија“, Историскиот архив, скулптурата „Фаќач на крст“. Ова се само дел од објектите и локациите кои блеснаа во знак на поддршка на РЕТКИТЕ, како дел од кампањата „Ги запознаваме ретките болести 2021.