443 санкции за неносење маска
Во текот на изминатото деноноќие (18/19.02.2021 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 443 прекршоци.
Tри лица во полициска станица, сквернавеле гробови и се снимале за „тик-ток“
Полициски службеници од ОВР Ресен вчера (18.02.2021) во периодот од 16 до 18.30 часот идентификуваа и извршија службен разговор со тројца малолетници од Ресен (двајца на 16-годишна возраст и еден- 14 години) во врска со објавениот видео материјал на социјалната мрежа „тик-ток“ на кое се сквернават гробови во овој град.
Работниците на ЈП„ Комунално-Струга“ неуморно работат на расчистување на остатоците од снегот
Работниците на ЈП„ Комунално-Струга“ неуморно работат на расчистување на остатоците од снегот кој деновиве падна во Струга, а кој претставуваше проблем за непречено одвивање на сообраќајот и движењето на луѓето во Струга.
Роверот „Истрајност“ успешно слета на Марс во потрага по живот
Научниот ровер „Истрајност“ (Perseverance) на НАСА, најнапредната астробиолошка лабораторија во историјата испратена на друга планета, се пробил низ атмосферата на Марс и успешно слетал на дното на еден кратер, потврдија од американската вселенска агенција. На таа локација ќе биде и првата станица на која роверот ќе ја започне својата мисија, да бара докази за постоење на живот на Црвената планета.
Снежни лудории во охридското село Куратица
50 сm снег кои паднаа изминативе денови создадоа совршени услови за деноноќно санкање, скијање, возење со моторни санки. На посетителите на ова убаво планинско село на располагање им е и уникатна прошетка со ратрак до врвот Мазатар на Плакенска ланина.
Трета година по ред нема вештачки мрест на Охридската пастрмка
Причина административни препреки во програмата за Рибарство и Аквакултура и законот за јавни набавки за ангажирање на рибари. Научните работници од заводот предлагале решенија преку ресорното министерство, но тие никако да стигнат до Владата.
Бесплатна лекарска грижа добиле 400 пациенти со проектот „Cross4all“
Носител на овој проект е секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид, а се реализира со Заводот за кардиоваскуларни заболувања од Охрид и Општинската организација на Црвен крст. Целта е да се растерети здравствениот систем, а граѓаните да добиваат соодветна медицинска помош во услови на пандемија.
Претставата „Сопружници”, повторно пред охридската публика
НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид / Народен Театар Охрид Поради зголемениот интерес за новата премиера “Сопружници” – Вуди Ален во режија на Драгана Таневска на големо задоволство на публиката на репертоарот ќе биде изведена во ПЕТОК и САБОТА 26 – 27.02.2021 година со почеток во 19.00 часот, цена 200 денари.