Охрид до крај на март ќе добие ГУП
Неопходно е да се донесат нови Генерални урбанистички планови за градовите Охрид и Струга за да се имплементира Конвенцијата за заштита на светското културно и природно наследство на УНЕСКО и да се спречат активности кои негативно влијаат врз природното и културното наследство во Охридскиот регион. Охрид од 2015та година е во процес на изработка на ГУП и според најавата на Градоначалникот Константин Георгиески годинава конечно планот ќе биде донесен.
Охриѓани повнимателни оваа зима, помалку скршеници здобиле од лизгање на мраз
Итната медицинска помош функционира без поголеми проблеми во овие зимски денови. Најмногу интервенции имале на повици од пациенти со кардиоваскуларни болести. За среќа, оваа зима забележуваат намалување на случаи со скршеници здобиени од лизгање на мраз.
ИСПЛАТЕНИ НАД 15 МИЛИОНИ ЕВРА ПО СУДСКИ РЕШЕНИЈА ЗА ЕКСПРОПРИЈАЦИЈА НА ЗЕМЈИШТЕТО ЗА АВТОПАТОТ КИЧЕВО – ОХРИД, ОД КОИ 5 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ТРОШОЦИ
Жител на охридско село, на кого му биле одземени 4 метри квадратни земја за изградба на патот Кичево-Охрид, останал незадоволен од понудата на државата да му исплати по 550 денари за метар квадратен или 2,200 денари вкупно, па како еден од стотиците незадоволни граѓани чии имоти биле одземени, побарал судот да ја утврди цената. Бил ангажиран вештак, кој проценил дека имотот вреди по 20 евра, двојно повеќе од понуденото.
Ново во охридската Библиотека
Уште од денеска на пултот за зајмување можете да ги побарате следните нови наслови: Скандал на пролет од Лиса Клејпас и Ќерката на дрвосечачот од Наде Стоилковиќ, двете во издание на Сакам книги.
Потпишан меморандум за соработка во туризмот помеѓу РС Македонија и Украина
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) заедно со амбасадата на Украина во Република Северна Македонија ја организираа првата конференција за туризам со цел отпочнување на соработка и запознавање на туристичкиот потенцијал помеѓу овие две земји.
Работилници за еколошка едукација на учениците
Националниот парк „Галичица“ спроведува работилници за продуктивна еколошка едукација на учениците.
СВР Охрид: Приведено лице за семејно насилство
На 16.02.2021 година во СВР Охрид, пријавен е физички напад извршен од Е.Б.(55) врз неговата сопруга и синот.
394 санкции за неносење маска
Во текот на изминатото деноноќие (16/17.02.2021 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 394 прекршоци.