379 санкции за неносење маска
Во текот на изминатото деноноќие (11/12.02.2021 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 379 прекршоци.
Продолжуваат градежните активности за реконструкција на детската градинка „Планински цвет”
Градежните активности за реконструкција на детската градинка “Планински цвет” – Вевчани се одвиваат интензиивно.
Повторно од 12:00 до 15:00 часот краток прекин во сообраќајот на патот Кичево-Охрид
Поради изведување на градежни активности (минирање) на патниот правец А2 Кичево-Охрид, на потегот планински премин Пресека-село Врбјани, денеска ќе има прекин во сообраќајот од 30 минути, во периодот помеѓу 12:00 и 15:00 часот, информираат од АМСМ.
Се узурпираат и продаваат заедничките простории во внатрешноста на Амамот
Реагираат сопственици на дуќани во трговскиот центар дека поединци бесправно преградуваат ходници, тераси, подруми авршат зафати и врз фасадата на објектот. Барања за увид во нелегалните активности упатиле до повеќе институции пред повеќе од една година, но според нив, до денес никој не презел конкретна активност да се спречи самоволието и да се санкционира. Сопствениците на деловни простории во Амамот најавуваат кривични пријави.
Монтажната ковид болница во Охрид е скоро готова
Внатрешноста е уредена , останува уште да се приклучи објектот на довод на струја. Директорот на општа болница очекува со пуштање во употреба на модуларната болница за прв пат да се изврши реновирање на инфективното одделение. Појавата на британската мутација на вирусот во Охрид нема да промени многу во болничката нега на ковид пациентите , но Балески смета дека граѓаните не ги почитуваат мерките и поради тоа бројките на заразени во градот и понатаму ќе растат.
Градоначалникот Кирил Пецаков изрази сочувство до семејствата на настраданите
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, преку социјалните мрежи упати сочуство до семејствата на загинатите во трагичната несреќа која се случи на територијата на Бугарија.
459 казни за неносење маска за едно денонокие
Во текот на изминатото деноноќие, по однос на мерката за носење заштитни маски, како превенција од коронавирусот, регистрирани се 459 прекршоци, информираат од МВР.