Охридскиот Градоначалник најави од следната недела продолжување на акцијата за рушење дивоградби
Општината распиша и тендер во висина од 6 милиони денари за одстранување на бесправно изградените објекти. Градоначалникот, денеска, одговараше на советнички прашања за кои беше резервирана 55та седница на градскиот совет.
Расте бројот на заболени од карцином на дојка во Југозападниот регион во земјава
Радиологот др Жарко Даскалоски дијагностицирал карцином на дојка кај 35 жени во пандемиската 2020 година во југозападниот регион. Даскалоски во ординацијата во Вевчани прегледува и по 2.700 жени годишно и вели загрижувачки е што се намалува старосната граница на пациентките.
НОВИ ЛЦД ПРОЕКТОРИ ЗА ОХРИДСКИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА
Со финансиски средства на Општина Охрид во вредност од 89.090 денари набавени се ЛЦД Проектори со држач за првачињата од ООУ „Братство Единство“ и за четвртоодделенците од основните училишта „Св. Климент Охридски“ и „Христо Узунов“ од Охрид.
Понудата на библиотеката збогатена со уште девет наслови
Од продукцијата на издавачката куќа Просветно дело НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ги препорачува своевидните енциклопедии: Историја на античкиот свет од Мишел Анхелико и 1001 Прашање и одговори за човечкото тело.
Кај 25 охриѓани утврдено присуство на британската мутација на вирусот
Во текот на минатата недела се потврдени 56 случаи на новиот британски вид на коронавирусот. Најголем број случаи се откриени во Охрид 25, Прилеп 10 и Кавадарци 4,соопшти Институтот за јавно здравје.
Веб страната за пријавување за вакцина против Covid-19 утрово не функционира
Сите граѓани кои утровопројавиа интересе да се пријават на веб страната www.vakcinacija.mk, наидоа само на празна веб страна со логото на Министерството за здравство и најава дека страната ќе стане функционална, наскоро.
СВИКАНА ПЕДЕСЕТ И ПЕТТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Претседателката на Советот на Општина Охрид, Живка Ангеловска за денес ја свика педесет и петтата седница на Советот на општина Охрид со почеток во 11:00 часот.
Изградбата на колекторски систем од Радожда до Калишта еден од приоритетите на владата за 2021-2022 година
На последната 44-та седница на владата на Република Северна Македонија, а во насока на определбата за отстранување на сите ризици по Охридското Езеро и Охридскиот регион, Владата ја разгледа и усвои Информацијата во врска со Проектот за колекторски систем од Радожда до Калишта – Струга.