Skip to main content
Фев 9, 2021

Од Државниот архив на република Северна Македонија, подрачно одделение Охрид информираат дека во тек се инфраструктурни зафати во зградата на охридскиот архив, за опремување на галериски простор на оваа установа.


Фев 9, 2021

Националната комисија на УНЕСКО на вторатa седница го разгледа Нацрт-извештајот за состојбата и напредокот во заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот Регион за 2020 година, при што усвои Мислење упатено до Владата, во кое се вели дека Нацрт-извештајот е во насока на истакнување на заложбите на земјата која значително ги интензивираше своите активности за спроведување на Одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО од седницата одржана во Баку во 2019 година и за исполнување на препораките на Реактивната мониторинг-мисија на УНЕСКО и советодавните тела ICOMOS и IUCN реализирана во 2017 година.


Фев 9, 2021

Од АМСМ информираат дека поради изведување на градежни активности (минирање) на патниот правец А2 Кичево-Охрид, на потегот Пресека-село Врбјани, утре ќе има прекин во сообраќајот од 30 минути, во периодот помеѓу 12:00 и 15:00 часот.


Фев 9, 2021

За утре среда со почеток во 12:00 часот, свикана е педесет и шестата седница на Советот на општина Охрид.


Фев 8, 2021

Заменик министерот за образование Арафат Шабани денеска во Охрид и Струга  разговараше со локалните самоуправи и компаниите во процесот на МОН заеднички да се креираат профили што ги бара пазарот на труд.  Профилите за коишто ќе се утврди потреба, ќе се отворат за запишување на ученици во средните стручни училишта во училишната 2021/2022 година.


Фев 8, 2021

Македонско здружение на млади правници  го тужат министерството за животна средина, покрај општината Струга и комуналното п-је дека на граѓаните им го повредиле правотo на здрава животна средина затоа што и понатаму се дозволува одлагање отпад на струшката дива депонија. Од Министерството за животна средина велат дека се запознаени со поднесената тужба и ја отфрлаат одговорноста.


Фев 8, 2021

Покрај тоа, во нашиот образовен систем недостасува организирана работа со овие ученици. Македонскиот образовен систем нема Национална стратегија за откривање и работа со надарени и талентирани ученици.


Фев 8, 2021

Охрид и понатаму е втор во Македонија по број на хоспитализации и активни случаи со COVID-19, веднаш после Скопје, а продолжува и трендот секојдневно да бележиме и нови позитивни случаи.