Skip to main content
Фев 8, 2021

Во рамки на проектот „Нула глад во Општина Охрид“ викендов беа донирани 200 хуманитарни пакети за 100 социјално ранливи семејства од општината кои се обезбедени во соработка со позната трговска компанија. Овој проект, Охридската локална самоуправа го реализира во соработка со здружението „Храна за сите – Банка за храна МК“ како дел од националната акција „Нула глад“ и истиот е дел од одредбите на заедничкиот меморандум за соработка.


Фев 5, 2021

На свеченоста која се одржа во дворот на училиштето директорката Иван Маховска Шикалеска им оддаде признание на учениците нарекувајќи ги малите прличевци кои учеа и постигнуваа успеси во пандемија, на своите колеги кои ги водеа учениците низ едно поинакво образование и на родителите. На свеченоста беше потпишан и меморандум за соработка со Гете Институт Скопје со што продолжува успешната приказна на Григор Прличев какао пратнер на овој институт.


Фев 8, 2021

Оштетени информативните табли во Вевчани. Продолжуваат вандалските чинови врз јавните добра во општиниве од регионов. Деновиве на мета беа информативните тавбли во Вевчани кои беа испишани со боја.


Фев 5, 2021

Полицијата во неколку акции одзела коњи, камиони и алат за сеча на дрвокрадците. Но  екологистите за постошење ги обвинуваат и концесионерите кои прават голосек во буковите шуми.


Фев 8, 2021

Согласно поволната временска ситуација, сончеви денови и повисоки температури, Ј.П.„Охридски Комуналец„ викендов (петок, сабота и недела) се спроведе акција за машинско миење на сообраќајниците во градот.


Ное 23, 2021

Енергетската криза ќе биде уште еден голем удар врз занаетчиите, кои во корона кризата се силно погодени и едвај врзуваат крај со крај. Те бараат од владата да бидат опфатени во посебна тарифа.


Фев 5, 2021

‘’Discover Ohrid’’ прв дигитален туристички водич.  Мобилната апликација ја креира Центарот за интегриран развој Охрид – ЦИРО а во нејзината изработка учествуваа 20 стручни лица од различни области како програмер, графички дизајнери, туристички водичи, фотографи, историчари и археолози. Целта ни е дигитализација на туристичките потенцијали и услуги да се подобри конурентноста но и да се подигне свеста за културното и природото наследство на Охрид и неговата заштита , истакна на презентацијата, Претседателот на ЦИРО, Ѓорѓија Паунковски.


Фев 5, 2021

Поемата „Капетаните“ на Лилјана Пандева е едногласен избор на жири комисијата. Охрид денеска ги одбележува 128 годишнината од смртта на големиот поет и преродбеник Григор Прличев и 160 годишнината од создавањето на неговата поема „Скендербег“.