Skip to main content
Фев 4, 2021

Граѓаните се опуштија, се  организираат забави и дружење и токму затоа Охрид е на второ место во земјава по број на новозаболени од корона вирусот.  Од хоспитализираните пациенти во Општата болница голем дел се со тешка клиничка слика на болеста. Докторите апелираат до охриѓани да не се опуштаат посебно поради детектираниот британски сој на вирусот кој полесно се шири. 


Фев 4, 2021

Статистиката на Фондот на ПИОМ покажува дека поголем наплив на нови пензионери имало пред самиот крај на минатата година. На списокот на ПИОМ во месец декември  имало нови 2.473 пензионери.


Ное 23, 2021

Одлука за тридневна жалост поради автобуската несреќа во Бугарија се донесе на денешната владина седница, а државните знамиња пред Владата се спуштени на половина копје.


Фев 4, 2021

Пазарните инспектори од почетокот на годинава за само неколку дена  ставија клуч на врата на два угостителски објекти во Охрид. Угостителите не ги почитувале некои од протоколите за заштита од ковид 19. Охридските хотелиери пак дисциплинирани,  кај нив инспекторите не  утврдиле прекршувања  на  законските одредби. 


Фев 4, 2021

Македонското еколошко друштво заедно со Институтот за комуникациски студии (ИКС) ги избраа шесте граѓански организации кои во партнерство со средни училишта од регионите со заштитени подрачја (Пелагонија, Охрид, Струмица, Тиквеш, Демир Капија и Преспа) ќе спроведуваат иницијативи за решавање на локални проблеми за заштита на животната средина.


Фев 4, 2021

Градоначалникот Константин Георгиески денеска оствари работен состанок со градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко и градоначалникот на Поградец, Република Албанија, Илир Џаколи.


Фев 4, 2021

Оваа среда изборот на нови девет наслови е направен од продукцијата на издавачките куќи „Култура“ и „Матица македонска“.


Фев 3, 2021

Првиот вработен продавач во Струга, Игор , деновиве го продава списанието заедно со индивидуални спортисти  и струшките ракометари. Колпортери на списанието се лица од најранливите групи во општеството. Половина од цената на  Лице в лице  е за продавачот а половина за активности кои го подобруваат животот на маргинализираните групи.