Skip to main content
Фев 2, 2021

Во текот на изминатото деноноќие (01/02.02.2021) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 431 прекршок.


Фев 2, 2021

Согласно Програмата за заштита на животна средина и природа секоја година ќе се врши доделување на пластични канти од 120 литри за селекција на отпад на домаќинствата на територија на Општина Охрид. Оваа година канти ќе добијат индивидуалните домаќинства на следните улици: „Димо Хаџи Димов“, „ Париска комуна“, „ Партизански одреди“, „ АРМ на Македонија“, „Сирма Војвода“ – само непарни броеви и „Момчило Јорданоски“ – само парни броеви.


Фев 2, 2021

Во Општина Дебрца изминатиов период се спроведува проектот „Подобрување на управувањето и одржливо користење на Белчишко Блато (Сини Вирој)”, кој го спроведува Здружението ЕКОТУРИЗАМ 2016, а финансиран од Европската Унија, мониториран и потпомогнат од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP) во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.


Фев 1, 2021

Граѓаните на едноставен начин ќе можат да пријават загадувач или загадување во тек и во реално време да иницираат вонреден инпекциски надзор. Државниот инспекторат за животна средина денеска ја презентираше онлајн платформата за пријавување загадување која овозможува подобра координација помеѓу државните и општинските овластени инспектори и обезбедува поголем увид во нивното  работењето на терен.


Фев 1, 2021

Ги запознаваме ретките болести: 28 дена во февруари со 28 ретки дијагнози. Продолжува проектот со кој се  подигнува јавната свест за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат семејствата со ретки болести. Во регистарот на лица со ретки болести во Македонија заклучно со декември 2020 година запишани се 575 пациенти, а бројката на неевидентирани надминува 1 500. Само за 5% од пациентите со ретките болести има некаков лек во светот. 


Фев 1, 2021

Во текот на седум месечното функционирање на проектот оформени се над стотина предмети од страна на општинските стручни служби. Граѓаните најчесто поднесувале забелешки и барања за решавање на нивните комунални и инфраструктурни проблеми.


Мар 2, 2022
Здравство
Секоја година во светот од оваа болест заболуваат над 12 милиони луѓе, а 7,6 милиони умираат. Црвен Крст ќе ги едуцира охриѓани.

Фев 1, 2021

Со нова опрема и реновирање специјалната болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо во Охрид ќе прерасне во современ центар за физикална терапија, рече министерот за локална самоуправа, Горан Милевски при посета на Охрид.