Skip to main content
Јан 25, 2021

Од утре почнува исплатата на јануарските пензии во деловните банки, за пензионерите кои не користат платежни картички.


Јан 25, 2021

Наместо со првите одлуки од 5-тиот сет економски мерки Владата итно да помогне на најпогодените индустрии од пандемијата Ковид-19 носи одлука со која на Стопанската комора на Македонија односно опфатените предлог листи на производи на компаниите “локомотиви” членки на Стопанската комора од секторите на метало-преработувачката индустрија, металургијата, текстилната и кожарската индустрија им поклонува неповратна помош во висина од 162,4 милиони евра во 2021 година, која одлука е всушност прва усвоена одлука од новиот Пакет 5 економски мерки за справување со последиците од КОВИД-19.


Јан 25, 2021

Во текот на изминатото деноноќие (24/25.01.2021 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 420 прекршоци.


Јан 25, 2021

Со воведувањето на нов образец ДДВ 04 согласно измените и дополнувањата на Закон за данокот на додадена вредност (Службен весник на РСМ, бр. 267/20), увидено е отежнато поднесување на образецот ДДВ-04.


Јан 25, 2021

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 27 јануари 2021 година (среда), Свети Сава е неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница во Република Северна Македонија.


Ное 22, 2021

Пред почетокот на следната сезона плажите ќе бидат уредени за туристите како што доликува на еден современ туристички центар, најави градоначалникот Кирил Пецаков. Плажите ќе бидат уредени од природни материјали согласно препораките на УНЕСКО, 50% ќе бидат со реквизити, а половина слободен простор за граѓаните.


Јан 25, 2021

Во Среда (27.01.2021 год) со почеток во 13 часот,ќе се одржи промотивен настан, на кој ќе бидат презентирани возилата и специјализираната опрема за спасување во зимски услови, набавени во рамки на Проектот: „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“.


Јан 22, 2021

Завршија предвидените активности за комплетна реконструкција на подовите во ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“.