Skip to main content
Авг 15, 2025
Семинаристи од универзитетските центри од 17 земји во Охрид ќе ги продлабочуваат своите проучувања за македонскиот јазик на 58-та Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Кирил и Методиј“. Овој настан обединува лингвисти, книжевници и преведувачи посветени на македонистиката и афирмација на македонскиот јазик, литература и култура во светот.

Авг 15, 2025
620 000 единки пастрмка одгледани во Хидробиолошкиот завод и уште 200 000 единки од Институтот за сточарство од Скопје ќе бидат пуштени во езерото според договорот на Министерството земјоделство, шумарство и водостопанство со овие институции.


Авг 14, 2025
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се гради колекторскиот систем во Трпејца во Општина Охрид, рече дека во втората половина на август започнува фирмата изведувач со работа.

Авг 14, 2025
 По традиција беше врачена истоимената награда  на авторката   Дијана Петрова  чиј расказ „Мизанабим”  беше избран за најдобар  по претходно распишан Конкурс на Општина Охрид.

Авг 14, 2025
Ниту едно село и населено место нема да остане отсечено, смируваат надлежните  по полаките на жителите на општина  Дебрца кои со изградбата на автопатот Охрид Кичево немаат пристапен пат. Изградбата на автопатот Кичево Охрид тече со засилена динамика.  Крајниот рок останува крајот на идната година.

Авг 13, 2025
Охрид од 16 до 30 август ќе биде центар на водените спортови, забавата и еколошка едукација во рамки на третото издание на Ohrid water festival. Охридскиот фестивал на водени спортови и годинава ќе понуди богата програма со возбудливи спортски настани, славење и промоција на убавините на Охридското езеро и забава во која ќе уживаат охриѓани и гостите од сите генерации.

Авг 13, 2025
Стружанецот Васко Јолески пет години живее со механичка пумпа на срце и чека трансплантација. Во земјава досега не е извршена ниту една трансплантација кај пациенти со циркулаторна потпора, но повеќе од една година не е извршени трансплантација на срце воопшто. Пациентите бараат надлежните да се заложат и да дадат жанса за живот на 30 тината млади лица на листата на чекање.