За Денот на Рибарите во пандемија
Ковид пандемијата годинава го одложи и традиционалното одбележување на празникот Свети Јован Крстител, кога во Охрид свечено се одбележува Денот на рибарите. Денеска немаше казан со рибна чорба, плашици за мезе, греана ракија и вино. На денешен ден, децении наназад, рибарите од стариот дел на градот се капеле во водите на Охридското езеро со што се означувал крајот на забраната за лов на пастрмката позната како татиљ.
Фотоволтаични панели ќе се поставуваат на спортската сала Билјанини извори
Агенцијата за млади и спорт најавува подобрување на инфраструктурата на спортските објекти во земјава. Меѓу нив е и охридскиот СРЦ Билјанини извори.
Се санираат голем број скршени дрвја и гранки на повеќе локации низ Охрид
Оперативните служби на Ј.П.„Охридски Комуналец„ со полни раце работа после паднатиот снег.
Денеска е Собор на Свети Јован Крстител
Со оглед дека главната улога на Свети Јован се оствари на денот на Богојавление, древната Црква денот по Богојавление му го посвети на неговиот спомен. За овој ден се врзува и настанот со раката на Светиот Предвесник.
368 санкции за неносење маска
Во текот на изминатото деноноќие (19/20.01.2021 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 368 прекршоци.
Владата утре ќе одлучува околу мерките за невакцинираните
Сеуште е неизвесно дали административците ќе мора да се тестираат на ковид од сопствен џеб или да се вакцинираат бесплатно ако сакаат да одат на работа. На главниот координативен кризен штаб на денешната седница не беа донесени заклучоци за мерките коишто Комисијата за заразни болести ги предложи минатата недела.
УНЕСКО: Државата, Југозападниот плански регион и Охрид имаат рок од три години да го решат проблемот со дивите депонии
Во последниот Нацрт извештај на УНЕСКО за состојбата со природното и културното наследство на Охридскиот регион стои дека во временски период од три години, државата и Југозападниот плански регион мора да ги затворат нелегалните депонии како Буково, Мауцкер, депониите кај Струга, но и помалите, многу побројни во регионов, а просторот соодветно да го исчистат и опплеменат.
СОБОР НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ
Овој ден се вика уште и Женски Водици поради што главен збор во изведувањето на обичаите имаат жените. Покрај другото на овој ден жените одат по коледица, и тоа само по куќите од својата компанија.