395 санкции за неносење маска
Во текот на изминатото деноноќие (12/13.01.2021) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 395 прекршоци.
Усвоена Програмата за задолжителна имунизација на населението во 2021 година
Владата ја прифати Предлог-програмата на Министерството за здравство за задолжителна имунизација на населението во Северна Македонија за 2021 година во која е содржан план за обезбедување на годишни потреби на вакцини за задолжителна имунизација и вакцини по епидемиолошки индикациии.
Се чистат речните коритa во Дебрца
Поради обилните дождови во изминатите неколку дена се интензивираа активностите за чистење и на речните корита и канали во Општина Дебрца, посебно во населените места.
Статусот на Унеско за регионов е важен за развојот на туризмот
За да се зачува статусот на Светско културно и природно наследство државата мора да се справи со дивоградбите. Во иднина мора да се носат посебни законски решенија за регионот кои нема да имаат иста важност за останите општини во земјава.
Откажано одржувањeто на двата поголеми карневали во регионов во Вевчани и Куратица
Официјално организационите одбори од Горна и Долна маала од Вевчани ќе ги почитуваат препораките за заштита од пандемијата. Вевчанци , пак не се откажуваат и најавуваат продолжување на карневалската традиција. Од СВР Охрид ги потсетуваат вевчанци дека на сила се забрани за масовни собири и групирања и мерки за заштита од ширењето на вирусот и апелираат истите да се почитуваат.
ИПА Охрид организира рекреативно-кондиционо пешачење до Велестово
Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) регион Охрид ги поканува своите членови, други заинтересирани колеги и граѓани, да учествуваат во првиот ИПА рекреативно-кондиционо пешачење (планинско-рекреативна тура) на релација Спортски центар „Билјанини извори“ Охрид до населбата Велестово.
319 санкции за неносење маска
Во текот на изминатото деноноќие (11/12.01.2021 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 319 прекршоци.
Состојбата на сите критични локации во Општина Охрид, каде што постои опасност од излевање на вода е стабилна
Состојбата на сите критични локации во Општина Охрид, каде што постои опасност од излевање на вода е стабилна . И покрај обилните врнежи од дожд кои во текот на изминатите денови го зафатија Охридскиот регион, нивото на реките и каналите засега е нормално и до сега не е детектиран ниту еден проблем со излевање на вода од канализациониот систем.