Денес се слави споменот на Преподобен Наум Охридски Чудотворец
Преподобен Наум Охридски Чудотворец бил еден од најблиските ученици и соподвижници на светите рамноапостолни Кирил и Методиј (спомен на 11/24 мај). Од својата младост тој ги следел учителите во Великоморавија и Панонија, каде што во текот на многу години (863-885) подвижнички живот им го проповедал Божјото слово на словенските народи на нивниот роден јазик.
Дали Јавното обвинителство во Охрид правилно ги квалификува кривичните дела?
Различен аршин за исто или слично кривично дело во основните судови во државава. Во Охрид, поголема е веројатноста да добиете условна или ослободителна пресуда за предизвикана тешка сообраќајна несреќа, а во Битола, Кавадарци и Штип ќе добиете затворска казна. Така зборуваат податоците од истражувањето спроведено од страна на коалицијата „Сите за правично судење“, направени врз јавно достапни пресуди. Натали Петровска, извршен директор на оваа коалиција, потенцира дека најважно е како обвинителството го креира обвинението, односно, за каков вид на кривично дело станува збор.
Наставниците од основни училишта имаат можност да напредуваат во звање „ментор“ и „советник“
Ова право произлегува од новиот Закон за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта. Целта е да се влијае на личната мотивација на наставниците за придонес во подигнување на дигнитетот на просветната дејност.
Хотелиерите на охридското крајбрежје ги почитувале пропишаните мерки за заштита од ковид 19
При контролите на пазарните инспектори не се пронајдени групирања и организирани прослави на Новогодишната ноќ и во деновите од викендот. Контролите ќе продолжат за претстојните Божиќни празници и потоа.
Лилјана Пандева – добитник на престижната награда „Григор Прличев“
Лилјана Пандева – добитник на престижната награда „Григор Прличев“ за наградената поема за 2020 година „Капетаните“ под шифра „Мисија“.
439 прекршоци за неносење лична заштита на лице
Во текот на изминатото деноноќие (3-ти/4-ти јануари) на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 439 прекршоци.
800.000 дози од вакцината Фајзер за Mакедонија, 5.850 стигаат во февруари
Македонија ќе добие 800.000 вакцини против Ковид-19 од прозиводителот Фајзер во текот на годината.
Здраво машко дете е првото новороденче во Новата Година во Охрид
Бебенцето на Свет, дојде рано утрово во 4.30 минути и е второ дете во семејството Илоски.