Во Дебрца се чистат дивите депонии
Градоначалникот Зоран Ногачески информира дека се исчистени депониите во месноста „Селиште“, кај црквите Св. Василиј, Св. Јован и Св. Атанасија во село Белчишта.
При крај активностите за поставување на модуларната болница во Струга
Во соработка со Министерството за Здравство, Општата болница во Струга постави модуларен Ковид центар.
МТСП: Бадник, 6-ти јануари е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед
Министерството за труд и социјална политика (МТСП), соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ”, бр.21/98 и 18/07), среда, 6-ти јануари 2021 година, Бадник, ден пред Божиќ, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија.
АМСМ: Денес од 12:00 до 15:00 часот краток прекин во сообраќајот на патот Кичево-Охрид
Поради изведување на градежни активности (минирање) на патниот правец А2 Кичево-Охрид, кај селото Врбјани, денес ќе има прекин во сообраќајот од 10 до 15 минути, во периодот помеѓу 12:00 и 15:00 часот, информираат од АМСМ.
Најмалку шест лица загинаа во земјотресот што денеска ја погоди Хрватска
Во Петриња загина 13-годишно девојче, додека во селото Мајске Пољане во Глина загинале уште четири лица. Во Петриња куче најде жена под урнатините и нејзиното спасување е во тек.
Советниците не се за поскапување на водата за пиење
Советниците од опозицијата побараа да не се усвојува решението за зголемување на цената на водата за пиење. Градоначалникот според законските обврски мора оваа точка да ја стави пред советниците кои ќе одлучат дали ќе дадат или не согласност за промена на цената. Лично смета дека за цената на водата за пиење не треба да решава Регулаторна Комисија туку градските советници.
Општина Охрид усвои буџет со историски највисoк износ
Усвоен е буџетот за 2021 година тежок 730 милиони и 716 илјади денари. За Градоначалникот буџетот е развоен, а за опозицијата нереално висок во услови на кризна состојба. Опозицијата поднесе амандмани на неколку програми, но истите не поминаа на денешната седница.
Накитена елката под вода
Нуркачкиот центар АМФОРА и Клубот за подводни дејности ОХРИД веќе 18 години традиционално на уникатен начин ја наговестуваат новата година и божиќните празници со китење елка под вода.