ОК на ВМРО ДПМНЕ – Охрид со низа амандмани на буџетот за 2021 година
ОК на ВМРО ДПМНЕ -Охрид на утрешната седница на градскиот Совет ќе предложи ница амандмани на буџетот за 2021 година. Тоа се мерки кои се особено значајни за граѓаните на Охрид, кажа денеска на прес конференција партискиот портпарол Перчо Божиновски и го повика владејачкото мнозинство во советот истите да ги поддржи.
Новогодишни честитки потсетник како во минатото охриѓани си ја честитале Нова година
Некогашни Новогодишни честитки се чуваат во депото на охридскиот архив. Тие се потсетник како во минатото охриѓани си ја честитале Нова година. Пред 7 децении честитките се порачувале кај фотограф и се испраќале на блиски луѓе.
Јавноста се вклучува во постапката за прогласување на Охридско Езеро за заштитено подрачје
На јавна дебата се слушнаа предлози за изготвување Нацрт- Студија за валоризација на Споменикот на природата – Охридско Езеро. Меѓу предлозите се зонирање на езерото и замена на моторните чамци со еколошки мотори.
Општина Вевчани се откажува од организирање на концертите на 12- ти и 13- ти јануари
„Општина Вевчани се откажува од организирање на концертите на 12- ти и 13- ти јануари за да се спречи масовно собирање поради пандемијатата со Ковид-19. Но, ниту некогаш се мешала, ниту има право да се меша, а најмалку да ја одлага Свети Василија“, напиша на својот фејсбук профилл, Сашо јанкоски градоначалникот на Вевчани.
СЕ ПОПЛОЧУВА ТРОТОАРОТ НА УЛИЦА „МАРКО ЦЕПЕНКОВ“
Градоначалникот, Кирил Пецаков денеска беше на увид на улица „Марко Цепенков“ каде започнаа градежните активности за реконструкција на тротоарот.
Од денеска започнува исплатата на декемвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа
Владата им препорача на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:
Земјотрес со интензитет од пет степени според Рихтерова скала утрово го погоди Загреб
Земјотрес со интензитет од пет степени според Рихтерова скала утрово го погоди Загреб, изјави директорката на хрватската Сеизмографска служба Инес Иваничиќ.Споед неа, потресот се случил во 6:28 часот, а епицентарот се наоѓал 14 километри североисточно од Глина, во близина на Петриња.
Разрешената судијка Кичеец ќе ја обжали одлуката на Судскиот совет
Судијката Весна Кичеец од Основниот суд Охрид се` уште нема добиено одлука за разрешувањето, а за одлуката на Судскиот совет разбрала од медиумите. Таа најави жалба. Судскиот совет ја разреши од функцијата судијката за нестручно и несовесно постапување во судскиот процес против српскиот турист од Краљево, кој на во 2016 година на новогодишната ноќ го претепа до смрт младиот охриѓанец Димитар Матилоски.