Меморандум за соработка потпишаа ИПА Охрид и ПСС при Црвен крст Охрид
Интернационалната полициска асоцијација-регион Охрид и Планинска спасителна служба при Црвениот Крст Охрид, потпишаа меморандум за соработка.
572 санкции за неносење маска
Во текот на изминатото деноноќие (21/22.12.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 572 прекршоци.
Република Бугарија од секоја пратка на вакцини против Ковид-19, дел ќе донира и на нашата земја
Република Бугарија од секоја пратка на вакцини против Ковид-19, кои директно ги купиле од производителите, дел ќе донира и на нашата земја, информира Министерот за здравство Венко Филипче.
Првата мобилна апликација за помош и поддршка на жртвите на насилство „Биди безбедна” достапна за сите
Министерството за труд и социјална политика заедно со UNDP ја креираа првата мобилна апликација за помош и поддршка на жртвите на насилство ,,Биди безбедна”, достапна на три јазици: македонски, албански и ромски.
Продолжуваат вандалските чинови врз јавните добра во Струга
Само после еден месец откако се поставени новите корпи за ситен отпад со модерен дизајн вечерва голем дел од нив се откорнати и оштетени по новата чаршија и Ул Маршал Тито, а ѓубрето останува расфрлано по улиците и пешачките патеки.
Божиновски: Веднаш Министерството за здравство да обезбеди средства за поправка на томографот
Дефектот на компјутерскиот томограф во охридската Општа болница тема и на денешната прес конференција на ОК на ВМРО ДПМНЕ. Како да не се доволни проблемите со кои се соочуваат граѓаните поради пандемијата дополнително во болницата не е во употреба компјутерскиот томограф. Како може Директорот на болницата во ваква ситуација да изјави дека нема средства, истакна портпаролот Перчо Божиновски.
Премиерот Заев ги претстави приоритетите на владиниот проект „21 за европски стандарди дома“
Во 10 те клучни приоритети на земјава меѓу кои се прочистување на правосудниот систем и борбата со корупција, се и намалување на аерозагадувањето и следењето на трендовите и политиките на ЕУ во поглед на енергетиката.
Не работи компјутерскиот томограф во Општа болница Охрид
Прегорел резервен дел поради големата преоптовареност на одделот за рендген дијагностика. Станува збор за скап резервен дел кој не се знае кога ќе биде набавен, а во меѓувреме итните пациенти ќе бидат носени на снимање на томографот во Струшката општа болница.