Стендап комедија овој петок во JAZZ INN
Jazz Inn и Никола Тодороски организираат незаборавен настан „Best of Stand up“. Стендап комедијата е закажана за петок, 19-ти ноември, со почеток во 20 часот.
Туристички агенции во Србија го нудат Охрид за Новогодишните празници со забави во угостителски објекти
Понудите се со багателни цени но она што е скандалозно е што нема ниту збор за рестриктивните мерки кои се на сила во државава за претстојните празници и според кои забрането е организирање на прослави за дочек на новата година. Од агенциите се правдаат дека Охрид им е најбарана дестинација и понудите биле направени пред еден месец кога состојбата со вирусот, според нив, не била алармантна.
Блесна Новогодишна зимска бајка во ОУ „Григор Прличев“
Родителите, учениците и училиштето реализираа проект на две теми „Снегулка што среќа носи“ и „Писмата до Дедо Мраз“. Целта е со изработка на новогодишни декорации и пораки да се врати насмевката на детските лица во овие вонредни животни услови.
Македонскиот угостителски сектор „гладен“ за квалитетни стручни кадри
Средното стручно училиште „Ванчо Питошески“ станува државен регионален центар за средно стручно образование. Уготителското училиште добива можност за едукација на кадри од формалното и од неформалното образование.
За 14,6 отсто намален бројот на болни од ковид-19, но само за една недела имало 5.518 нови случаи
Неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 7 до 13 декември годинава покажува дека се тестирани вкупно 15.857 материјали во лабораториите за молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, што е помалку за 9,2 отсто, во однос на една недела претходно. Во истиот период регистрирани сe 5.518 нови позитивни случаи од 35 градови, што е намалување од 14,6 отсто во однос на претходната недела.
595 санкции за неносење заштитни маска
Во текот на изминатото деноноќие (16/17.12.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 595 прекршоци.
Вработени во ЦЈЗ Охрид: И ние сме Сашо Точков. Разрешете не!
Откако со одлука на Министерството за здравство од функцијата раководител на Центарот за јавно здравје во Охрид е разрешен Сашо Точков, на негово место, како в.д директор е назначен д-р Ѓоко Константиновски, интернист во ЈЗУ Општа Болница Охрид. Дел од вработените во Центар за јавно здравје Охрид преку отворено писмо до јавноста искажаа поддршка за Точков.
Православните верници денес го празнуваат денот посветен на Св. маченичка Варвара
За време на имераторот Максимилијан во Илиопол живеел еден богат човек по име Диоксор, а неговата жена рано починала. Единствената ќерка Варвара ја сакал многу и ја чувал како своите очи. Полагал голема грижа за ќерка си и за нејзиното воспитување. Девојката била необично убава и до нејзиното полнолетство татко и ја чувал во своите богати одаи на една висока кула. Девојката не гледала никого, освен воспитувачките и слугинките.