34-годишен охриѓанец се однесувал агресивно во локал на ул. Железничка
На 16.11.2021 во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа и го лишија од слобода Ѓ.Т.( 34) од Охрид затоа што околу 17 часот во угостителски објект на улица „Железничка” во Охрид го наруши јавниот ред и мир со викање и агресивно однесување кон вработените и присутните гости.
561 санкциja за неносење маска
Во текот на изминатото деноноќие (14/15.12.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 561 прекршок.
Денес е краен рок за искористување на ваучерите за домашен туризам
Крајниот рок за искористување на ваучерите за туризам е 15 декември 2020 година.
Завршена првата фаза од реконструкцијата на задружниот дом во село Требеништа, Општина Дебрца
Завршена првата фаза од реконструкцијата на Задружниот дом во село Требеништа и негова преадаптација во деловно- откупен и археолошко -изложбен центар.
Употребата и продажбата на пиротехнички средства е казнива, апелираме до граѓаните да не користат петарди
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека и годинава спроведува превентивна кампања, со цел на граѓаните да им се укаже за можните последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства, посебно актуелна пред и за време на новогодишните и божиќните празници.
Д-р Влаши Хиса: Св. Климентовата повелба чест и мотив за вложување во професијата која ме прави среќна
Возвишено е чувстото да се добие највисоката општинска награда која иствремено е награда за мене, моето семејство и колегите, вели за Св. Климентовата награда гинекологот Мимоза Влаши Хиса. Таа е една од тројцата годинешни добитници на највисоката општинска награда Повелбата за особени заслуги. Д-р Мимоза важи за пожртвуван лекар, мајка и сопруга која посветено и совесно се грижи за здравјето на жените, мајките и новороденчината во охридската болница.
626 санкции за неносење маска
Во текот на изминатото деноноќие (13/14.12.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 626 прекршоци.
Угостителите да работат до 18 часот, а за празниците да нема собири во станови и на плоштади
Комисијата за заразни болести препорача до Владата нов пакет на рестриктивни мерки за период од 18 декември до 21 јануари, со цел да се избегне зголемување на бројот на заболени од Ковид-19 во претстојниот период на празници.