Поставено осветлување на мостот кон Канео
После долго време, поставено е осветлување од мостот на желбите кон населбата Канео.
ПРВ АСФАЛТЕН СЛОЈ НА УЛИЦАТА „АБАС ЕМИН“
Викендов е оставен првиот асфалтен слој на дел од коловозот на улицата „Абас Емин“. Согласно предвидената динамика, претходно, во рамки на првата фаза од проектот за реконструкција, на овој потег беше поставена нова атмосферска, фекална и водоводна линија со ископ во длабочина од 3,5 метри и ширина од 2 метри и беше извршено преприклучување на корисниците.
ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР-Охрид издава под закуп продажно место-типизирани дрвени тезги
ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР-Охрид издава под закуп продажно место-типизирани дрвени тезги 10 (десет) за потребите на Новогодишниот Базар.
Битиќи : Владата ќе продолжи и понатаму да ги поддржува успешните домашни компании
Ова го порача денеска од Охрид вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, кој оствари средби со менаџерите на неколку компании од градот.
Во Охрид почна тестирање со брзи тестови за корона вирус
Здравствен дом „Маларична“ Охрид доби 250 брзи тестови за корона вирус.
Се креира буџетот за 2021 година
Нацрт вкупниот буџет е тежок 1 милјарда и 113 милиони денари. Градскиот совет денеска со 13 гласови „за“ го прифати нацрт буџетот. Советничката група на Вмро Дпмне не зеде активно учество во работата на денешната 51 -ва седница на градскиот Совет. Опозицијата не гласаше по точките од дневен ред со образложение дека материјалите не биле претходно разгледувани на надлежните Комисии. Мнозинството советници пак ги усвои извештаите за работењето и постигнатите резултати на јавните претпријатија и локалната самоуправа, 9 месечниот Извештај за остварување Буџетот на општината и нацрт-програмите за идната година.
Православните верници денес го одбележуваат празникот Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста
Православните верници денес го одбележуваат празникот на воведувањето на пресветата девојка Марија во Ерусалимскиот храм. Народот овој празник го нарекува Пречиста, што одлично ја доловува неговата смисла.
Поради градежни активности прекин во сообраќајот на патниот правец Охрид – Кичево
Сообраќајот на патот Кичево – Охрид, на делницата Пресека-Врбјани денеска меѓу 12 и 15 часот ќе биде во прекин во времетраење од 15 до 20 минути.