715 санкции за неносење маска
Во текот на изминатото деноноќие (02/03.12.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 715 прекршоци.
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во посета на Општина Охрид
Денес Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денес ќе ја посети Општина Охрид.
Заев: Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост се имплементира со силно темпо, продолжуваме според принципот „ништо за нив – без нив“
Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев заедно со Спасе Додевски – координатор со Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост и Христијан Стојанов, Вера Апостоловска и Кристијан Лазарев, претставници на лицата со попреченост преку видео запис го одбележаa 3 декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост.
Македонија и Албанија заеднички ќе менаџираaт со риболовот на Охридското и Преспанското езеро
Во Струга министрите за земјоделие на Македонија и Албанија потпишаа спогодба за заедничко менаџирање на риболовот на Охридското и Преспанското езеро. Двете земји заеднички ќе ги порибуваат езерата за зголемување на рибниот фонд и возобновување на ендемичните видови риби.
Иницијатива за реализација на проект за реставрација на река Сатеска
Министерството за животна средина и просторно планирање ја известува заинтересираната јавност дека инвеститорот Општина Дебрца со седиште во с.Белчишта бб општина Дебрца достави известување за намера за изведување на проектот и утврдување на потребата од оцена на влијанието на проектот врз животната средина: Информација за поднесено известување за намера за изведување на Проектот: Реставрација на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито, општина Дебрца.
Пецаков: ВМРО-ДПМНЕ преку амандмани на буџетот за 2021 година предлага мерки за Охрид и охридско
Кирил Пецаков, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека СДСМ нема концепт за развој на туризмот и развојот на Охрид и унапредување на заштитата на Охридското езеро, а тоа се гледало и од Предлог буџетот за следната година.
Охриѓани да помогнат со почитување на мерките апелира медицинскиот кадар од Општа болница
95 пациенти се болнички згрижени во Општа болница Охрид. Состојбата со болничкото лекување на пациенти позитивни на ковид 19 постојано се менува и во моментов има слободни болнички кревети. Директорот на охридската болница упатува апел до сограѓаните да ги почитуваат пропишаните мерки.
Почнува пилот-програмата за сеопфатно сексуално образование
Со обука на наставници денеска официјално ќе почне пилот-програмата за сеопфатно сексуално образование (ССО) во земјава, кое го најави Министерството за образование и наука.