Skip to main content
Ное 16, 2021

ТВМ телевизија продолжува со засилена промоција на рубриката „Ти си твојот град“. Целта е младите во општините Охрид, Струга, Вевчани и Дебрца  да се запознаат со можноста што им ја нуди нашата ТВ куќа, а тоа е да бидат активни граѓани, да се вклучат, да ни испраќаат фотографии, да ги пополнуваат прашалниците, да ни пријавуваат проблеми, да бидат наши партнери во креирањето на информативната програма. 


Ное 27, 2020

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 104 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-34, Струга-23, Кичево-28, Дебар-19).


Ное 27, 2020

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.К.(51) од струшкото село Џепин, поради постоење основи на сомнение дека сторил казнено дело „ширење на расиситички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.


Ное 26, 2020

Финансиската инјекција е добредојдена бидејќи сите се соочуваат со финансиски потешкотии во време на пандемијата. Карантинот и законските уредби на Владата кои беа на сила во пролетните месеци беа причина јавните претпријатија да продуцираат финансиски загуби. Не можеа да наплаќаат доспеани сметки и тужби, а имаа поголеми трошоци во тековната работа. 


Ное 26, 2020

Градоначалникот Константин Георгиески утре на 27.11.2020 година (петок) ќе присуствува на промоцијата на проектните активности од проектот „Cross4all“ кој го имплементира Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид.


Ное 26, 2020

Хотелските објекти со месеци зјаат празни, велат  само со ваучери може да се очекуваат туристи.   До на пролет идната година нема надеж за туризмот, поради огромниот број на заболени со корона вирусот  нема најави за Новогодишни празнувања.


Ное 26, 2020

Тестовите доцнат затоа што е под клуч Биохемиската лабораторија при Здравствен дом. Дел од вработените се ковид позитивни, а дел во изолација па установата не може да испрати двајца лаборанти на обука во Скопје.


Ное 26, 2020

Во текот на изминатото деноноќие (25/26.11.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 599 прекршоци.