Ренџерите од НП „Галичица“, активно вклучени во програмата за долгорочен мониторинг на биолошка разновидност
Во Национален Парк „Галичица“, ренџерската служба е активно вклучена во програмата за долгорочен мониторинг на биолошка разновидност. Ренџерите помагаат во теренскит активности за проценка на состојбата на ендемските и клучни видови и живеалишта во паркот.
Нова неделна понуда на книги во охридската библиотека
Во новата, неделна понуда од нови книги во НУ Библиотека „Григор Прличев“ овој пат доминираат македонски автори и Достоевски со четирите тома – руска класика „Браќата Карамазови.
Во Трпејца констатирани по една бесправна градба и узурпација на државно земјиште во Националниот парк Галичица
Од националниот парк напомнуваат дека се градат бесправни објекти во континуитет. Досега од пристигнатите 471 барање за легализација дале негативни мислења за 10 објекти. За 29 објекти во близина на Трпејца. кои се во постапка на легализација, воопшто немаат добиено барање за мислење од националниот парк, а според нив треба да се срушат бидејќи се во строго заштитена зона.
Во буџетот на МОН се предвидени и пари за бесплатен студентски оброк
Мила Царовска, министерката за образование, на денешната прес конференција презентирајќи го ресорниот буџет за следната година проектиран на 23 милијарди денари, рече дека во него се предвидени и пари за бесплатниот студентски оброк, проект кој започнува да се имплементира во 2021.
Возачот кој усмрти двајца битолчани во Охрид доби условна казна-ЈАВНОСТА БАРА ПРАВДА
Јавноста бара правда за тешката сообраќајна несреќа на клучката кај хотелот Инекс која се случи минатата година. Социјалните мрежи се преплавени со трогателното сведоштво на Сташа Божиновска, едно од девојчињата кое ја преживеа страотната несреќа. Сообраќајката се случи на 16 август 2020 година. Во неа животот го загубија две 27-годишни момчиња од Битола, три девојчиња од Битола, Скопје и Струга беа тешко повредени, една од нив беше 200 денови во кома, а обвинетиот доби условна казна во времетраење од 4 години.
Царовска :Во училиштата нема ширење на вирусот, a предвремен распуст е неаргументиран предлог
Во училиштата нема ширење на вирусот, a предвремен распуст е неаргументиран предлог, истакна на денешната прес конференција министерката за образование и наука Мила Царовска. Таа потенцира дека првото полугодие на учебната 2020 2021 ќе заврши на крајот на годинава, а второто ќе почне на 21 јануари 2021.
Врвни награди освоија шест ученици од музичкото училиште Методи Патче на два меѓународни натпревари
Младите музичари освоија специјални награди со инструментите пијано, флејта и виолина и се пласираа на самиот врв во силна конкуренција. Продолжуваат да го рангираат музичкото училиште меѓу најдобрите музички основни училишта во земјава.
597 санкции за неносење маска
Во текот на изминатото деноноќие (24/25.11.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 597 прекршоци.