Се одржа консултативна работилница за управување со Споменикот на природата Охридско езеро
Денес се одржа консултативна работилница по Нацрт планот за управување со Споменикот на природата Охридско Езеро. Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков вели дека од нашите стратешки определби и преземени активности зависи зачувувањето на извонредните природни вредности и био-диверзитетот на Охридското Езеро, додека Зоран Ногачески градоначалникот на Општина Дебрца се надева дека овој документ нема да остане само мртво слово на хартија.
На реката Сатеска нелегално изграден насип
На Сатеска нелегално изграден насип за механизацијата, која работи на автопатот Охрид Кичево. Речното корито е затрупано нема проток на вода. Жителите стравуваат од поплави и бараат отстранување на браната.
Откриени струшки диви превoзници кои превезуваат патници во соседна Албанија
Контролите на сообраќајните инспектори покажале дека охридските таксисти ги почитуваат сообраќајните прописи и протоколи. Тоа не е случај со струшките таксисти.
Во моментов 111 пациенти се болнички згрижени од ковид 19 во охридската општа болница
Од нив 20 тина се со потешка клиничка слика. На кислородна поддршка се 40 пациенти, а дневно се трошат и по 50 боци кислород.
ГРАЃАНИТЕ НА ОХРИД СВОИТЕ КОНТАКТИ СО СЛУЖБИТЕ НА ОПШТИНАТА ДА ГИ ОСТВАРУВААТ ТЕЛЕФОНСКИ ИЛИ ЕЛЕКТРОНСКИ
Општина Охрид упатува апел и молба до граѓаните на општината да ги редуцираат своите активности во просториите на општинската зграда и своите контакти со службите на општината да ги остваруваат телефонски или електронски. Активните телефонски линии и електронските адреси на одделенијата и секторите од општината се достапни на општинската веб страница.
615 санкции за неносење маска
Во текот на изминатото деноноќие (23/24.11.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 615 прекршоци.
Обвинтелството во Охрид оформи предмет во врска списоците на лица заболени од Ковид-19 кои се споделуваат на социјалните мрежи
Основното јавно обвинителство Охрид оформи предмет во врска со списоците со имиња на граѓани од Охрид, позитивни на КОВИД-19 кои се споделуваат на социјалните мрежи.
Државна матура ќе се полага од 29 мај до 14 јуни
Државна матура од 29 мај до 14 јуни, информатика и географија првпат во листата на изборни предмети.