Работилница по Нацрт-планот за управување со Споменикот на природата на Охридското Езеро
Консултативна работилница со засегнатите страни по Нацрт-планот за управување со Споменикот на природата на Охридското Езеро, ќе се одржи на 16 ноември 2021 година (вторник) со почеток во 13:00 часот преку електронската комуникациска платформа ZOOM.
ОПШТИНА ОХРИД СТАНА ПОПРИСТАПНА ЗА ГРАЃАНИТЕ
Општина Охрид е подостапна за сите благодарение на вклученоста на граѓаните преку Форумите во заедницата организирани во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, а спроведуван од УНДП во соработка со Општина Охрид. Денеска, амбасадорката на Швајцарија, Сибил Сутер и постојаната претставничка на УНДП, Нарине Сахакјан беа во посета на општинa Охрид за да ги видат резултатите од овој проект и воедно одржаа средба со градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески и претседателката на советот, Живка Ангелоска.
Дружината ЕКО-ФАП има подмладок
10 метри кубни разновиден отпад расфрлан на патот за Велестово во НП Галичица, собраа еко ентузијастите од ЕКО фап. Бродарите од оваа еколошка дружина на секои 10тина дена расчистуваат по една дива депонија во градот околината. Веќе имаат и подмладок кои од мали нозе учат и покажуваат како треба да се сакаат и чуваат охридските природни убавини.
Амбасадорката на Швајцарија и претставници на УНДП имаа работна посета на Општина Охрид
Искажаа задоволство од реализираните проекти кои ги поддржале. При тоа ја издвоија вклученоста на граѓаните да учествуваат во одлучување за приоритетни потреби на заедницата.
Со воведување на кризната состојба, државата во траење од 30 дена ќе може да менаџира со приватните клиники
Поради зголемениот број на новозаразени со Ковид-19, државата ќе менаџира со приватните клиники, исто како и со државните здравствени институции, предложи по денешната седница Советот за безбедност до Владата.
Најдоцна до утре ќе се прогласи кризната состојба
Премиерот Зоран Заев по денешниот состанок на Советот за безбедност во вилата на Воднo, истакна дека уште вечерва, а најдоцна до утре, ќе се помине процедурата за прогласување на кризна состојба во траење на 30 дена.
683 санкции за неносење маска
Во текот на изминатото деноноќие (18/19.11.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 683 прекршоци.
Играниот филм „Дедо и Внук“ на Илија Пиперкоски со нови три награди
Охридскиот режисер Илија Пиперкоски доби две нови признанија за извонреден придонес во светот на филмот (Outstanding contribution to the world of Cinema) за неговиот најнов филм „Дедо и внук“ од 4-th Dimension Independent Film Festival и на TIFF – Tagore International Film Festival во категоријата за најдобри наративни играни филмови.