Отстранет тумор од матка тежок 5 кг кај 45 годишна стружанка
Во општа болница Струга изврешна успешна хируршка интервенција за отстранување тумор на матка тежок 5 кг. 45 годишната пациентка е пуштена на домашно лекување во добра состојба. Докторите апелираат пациентите да водат грижа за своето здравје и да не одложуваат неопходни прегледи поради пандемијата.
Од денес стапуваат на сила новите правила за влез во објекти
Од денес стапуваат на сила новите правила за влез во објекти од отворен и затворен тип, угостителските објекти кои се регистрирани за прослави и објекти во кои се одржуваат настани од секаков друг вид како концерти, семинари, обуки, курсеви, состаноци, работилници, конференции, културни или спортски настани да треба посетителите да покажат сертификат за примени две дози на вакцина или потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена. Зголемениоот број на новозразени и стагнацијата на процесот на имунизација може да допринесе да се продолжат дополнителни рестриктивни мерки кои прво ќе се однесуваат на невакцинираните, изјави министерот за здравство Венко Филипче. Здравствените експерти на став дека вакцинацијата заедно со одржувањето на социјалната дистанца и носењето на заштитна опрема и одржувањето на хигиената останува единствената константа која дава многу добри резултати во борба против пандемијата од Ковид 19. Министерството за здравство апелира граѓаните да ги почитуваат мерките и да бидат одговорни.
Д-р Балевски: Се бориме секој потежок случај на Ковид да добие болничка нега
Расте бројот на хоспитализирани охриѓани со потешка форма на Ковид. Во општа болница, оваа во споредба со предходната недела, скоро удвоен е бројот на пациенти. Притисокот врз болницата ќе се зголемува во периодот што следи. Директорот д-р Балевски вели дека ќе преадаприраат оделенија ќе приспособуваат капацитети и ќе се борат секој пациент на кој му е потребна болничка нега да биде згрижен.
Врачени првите решенија за регистрација на фотоволтаични соларни системи преку проектот (МСИП)
Во Општина Дебрца, Директорот на АЕРСМ, г-дин Нехри Емрула ги предаде првите решенија за регистрација на фотоволтаични соларни системи кој се реализира преку Министерството за финансии со грант средства од Европската комисија во рамките на ИПА фондот за рурални инвестиции на Европската комисија за реконструкција и развој за Проектот за подобрување на општинските услугите (МСИП) и дел од добиените средства од овој грант ги искористи за: Проектирање и изградба на фотоволтаични соларни системи во рурални општини.
Свикана педесет и првата седница на Советот на општина Охрид
Советниците треба да изгласаат измени на неколку програми од сферата на локалниот економски развој ,туризмот ,култура, спорт и рекреација, образование, детска заштита, заштита на животната средина, комуналната сфера за 2019 2021 год како и развојната програма за изградба на системи за водоснабдување и за изградба на системи за одведување и пречистување на отпадна вода, за изработка на урбанистички планови на територијата наопштина Охрид 2020 до 2022. Со што советниците ќе направат изменување и дополнување на општинскиот буџет за 2020 година.
665 санкции за неносење маска
Во текот на изминатото деноноќие (02/03.11.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 665 прекршоци.
Во општина Охрид нема застој во спроведување на вакцинации
Службата за превентивна здравствена заштита работи професионално според протоколите дадени од ресорното министерство. И покрај ковид пандемијата имунизацијата досега тече без одложување.
Здравствениот дом Вевани направи дневна болница за лекување на заболени со корона вирусот
Пациентите позитивни или сомнителни на ковид-19 од Вевчани и околните струшки села Лабуништа, Татеши, Велешта, Октиси, Подгорци, Јабланица добија безбеден и изолиран простор за лекување.