Градоначалникот Георгиески подготвен да дежура со колегите на Инфективното одделение
Градоначалникот Константин Георгиески го известил министерот за здравство Филипче дека е подготвен да дежура и заедно со колегите од јавното здравство да се грижи за пациентите со Ковид на Инфективното одделение во охридската болница. Поради зголемениот број на заболени со корона вирусот притисокот врз болничките капацитетите се зголемува, а медицинскиот персонал е преморен. Министерот ги повика интернистите од приватните ординации да се стават на располагање на државата.
928 санкции за неносење маска
Во текот на изминатото деноноќие (29/30.10.2020) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 928 прекршоци.
НОВА ВОДОВОДНА ЛИНИЈА НА УЛИЦАТА „СПАС БАНЏОВ“
Екипите на ЈП „Водовод“, денеска започнаа работни активности за поставување на нова водоводна линија на улицата „Спас Банџов“.Според планираното, старата и дотраена водоводна инсталација ќе биде заменета со нова во должина од 171 метар со цевки со димензии ф110мм, ф63мм и ф25мм.
Свети архиерејски литургии по повод празникот „Св. ап. и ев. Лука и Св. Константин Кавасила
Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 31. oктомври 2020 (сабота), во манастирот „Св. Наум Охридски“ – Охрид, по повод празникот „Св. ап. и ев. Лука и св. Константин Кавасила“, со почеток во 8:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија.
Ангел Велкоски избран за претседател
5 милиони евра од еу фондовите и 600 илјади евра домашно кофинансирање на располагање на општините
Министерот за локална самоуправа Горан Милевски ги повика градоначалниците да аплицираат со проекти на повикот „ЕУ за општините“. Европската Унија обезбеди и дополнителни милион евра за техничка подготовка на општините за аплицирање.
КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ПОВЕЛБА – ПАТРОН НА ГРАДОТ “СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ”
По повод 8-ми Декември – “Св.Климент Охридски”, Советот на општина Охрид распишува Конкурс за доделување Повелба – Патрон на градот “Св.Климент Охридски” за 2021 година.
Стапува во сила забраната за групирање по паркови и јавни површини
За непочитување на измените во законот за заштита на населението од заразни болести казните се до 30.000 денари. Од СВР Охрид најавуваат засилени контроли.