Skip to main content
Ное 11, 2021

Од вкупно 30 видови лилјаци колку што се регистрирани во Македонија, повеќе од половина се среќаваат во НП Галичица. Месното население многу малку знае за богатиот биодиверзитет, па како резултат на човековото влијание се повеќе и повеќе се уништуваат природните живеалишта на лилјаците. Стручните лица од Истражувачко друштво „Урсус спелеос“ во партнерство со ОО на Црвен Крст – Охрид и невладината Eco Logic од Скопје во следните осум месеци ќе работат на имплементација на проект за развој на едукативни ресурси за заштита на пештерите и лилјаците во НП Галичица.


Окт 14, 2020

Во текот на изминатото деноноќие (13/14.10.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 624 прекршоци.


Окт 14, 2020

Градоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиески престојуваше во официјална посета на Општина Корча, Република Албанија.


Окт 14, 2020

На оваа седница е разгледана и усвоена Информацијата за склучување на Договор за преземени обврски помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Глобалниот сојуз за вакцини (ГАВИ) (GAVI ALLIANCE), за набавка на вакцини за КОВИД-19 преку COVAX механизмот за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефективни вакцини за КОВИД-19, потврдени и регулирани од Светската здравствена организација, и е прифатен текстот на Обврзувачкиот договор за набавка на вакцините.


Окт 14, 2020

Владата на Република Северна Македонија на денешната 11-та седница ги разгледа препораките на Комисијата за заразни болести за задолжително носење заштитни маски или заштитна опрема (бандана, шал или друг вид прекривка на носот и устата), секаде при престој на отворено, на затворено во јавни објекти, на работно место и во јавен и приватен транспорт, со исклучоците кои опфаќаат спортување на отворен простор и на затворено со почитување на протоколите за заштита, при транспорт со приватно моторно возило ако сите лица во возилото се од едно семејство или живеат во заедничко домаќинство, во угостителските објекти со почитување на протоколите за дистанца и дезинфекција, при престој во службена просторија – канцеларија ако лицето е само во просторијата, како и за децата до 6 години, односно за деца од претшколска возраст;


Окт 13, 2020

Се би било шпекулација бидејќи СЗО нема официјални научни истражувања, напоменуваат експертите. Упатуваат совети луѓето да го зајакнат имуниетот и препорачуваат конзумирање на зеленчук и овошје богати со витамини Ц , Д, но и селен и цинк.


Окт 13, 2020

Ова е очекувањето на  Градоначалникот Јанкоски од  проектот Вевчани без кал со кој жителите добиваат модерна урбана населба. Проектот кој трае три години локалната го реализира со средства обезбедени преку изготвување планска документација и аплицирање кон домашни и странски фондови.


Окт 13, 2020

Една кривична пријава заработил  угостителски објект кој организирал свадба од  Државниот пазарен инспекторат во изминатиов викенд. Од почетокот на пандемијата досега се изречени 15 кривични пријави за организирање свадби  во Охрид. Инспекторите на терен констатирале дека се почитуваат мерките и протоколите за заштита од ковид 19 во охридските угостителски објекти.