Охриѓани бараат да се стават во функција семафорите кај школото „Христо Узунов“
Граѓаните на Охрид бараат под итно да се стават во функција семафорите кај училиштето „Христо Узунов“. Светлосната сигнализација е потребна за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот. За овој проблем охриѓани алармираа во рубриката „Ти си твојот град“.
МОН: Во изолација се вкупно 53 ученици и 8 наставници
Министерството за образование и наука информира дека од почетокот на учебната година досега во изолација се вкупно 53 ученици и 8 наставници.
Филипче: Не излегувај од дома без маска
На Фејсбук страната на министерот за здравство Венко Филпче, како и на страната од социјалната мрежа на Министерство за здравство, осамна банерот со содржина: Не излегувај од дома без маска и Дали би излегол на дожд без чадор и Ова е новиот начин на живот.
Владина делегација денес на средба со Столтенберг
Владина делегација составена од премиерот Зоран Заев, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ќе го посетат седиштето на НАТО и ќе одржат работна средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
704 прекршоци по однос на мерката за неносење лична заштита на лице
Во текот на изминатото деноноќие (07/08.10.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 704 прекршоци.
Заменети искинатите знамиња на плоштад и Самоилова тврдина
Од утрово на јарболите на плоштадот и на Самоилови тврдини заменато дотраеното државно знаме. Откако подолг период на двата јарболи се вееше искинато државното знаме ТВМ побара информација од надлежните зошто не се врши нивно повлекување и замена со нови согласно Законот за употреба на грбот, знамето и химната. Владината служба по укажувањето експресно реагираше.
Во тек е проект математика 3 бесплатна он лајн настава за трето одделение
На фејсбук страната на ПИСИ може да се приклучат трето одделенците од целиот свет кои зборуваат Македонски јазик. Во организирањето на наставата ПИСИ има поддршка од сите македонски и охридски Лајонс клубови и Македонскиот Лајонс ДС дистрикт 132.
Скопскиот аеродром прв во регионот доби Здравствен сертификат од Меѓународниот совет на аеродроми (ACI)
Од вкупно 350 аеродроми на светско ниво кои аплицирале за акредитација, досега само 60 успеале да се акредитираат, а меѓу нив е Меѓународниот Аеродром Скопје, како прв аеродром на Балканот кој успеа да се стекне со овој сертификат.