Жена касната од домашно куче сопственост на охриѓанец
На 09.11.2021 во СВР Охрид, Т.П.(20) од Охрид пријавила дека во близина на плажата „Горица”, била касната од куче сопственост на Б.Г. од Охрид.
Градоначалникот на Општина Охрид свикува СОБИР НА ГРАЃАНИ
Градоначалникот на Општина Охрид свикува СОБИР НА ГРАЃАНИ за партиципативно учество на граѓаните од Урбаните заедници при изготвување на буџетот на Општина Охрид за 2021 год. Општината го објави распоредот на одржување на собирите.
Туристичките водичи на раб на егзистенција
Охридските туристички водичи кои поради поради корона кризата останаа без работа во летниот период, велат дека нивните приходи се сведени на нула. Поради тешката финансиска состојба во која се наоѓаат над 200 амбасадори на културното и природното наследство Во четвртиот сет мерки владата предвиде поддршка со плати за регистрираните туристички водичи за октомври, ноември и декември.
Наставници – водачи во кризата и ресоздавачи на иднината
Светот го одбележува 5 Октомври денот на наставниците под едно мото: Наставници водачи во кризата и ресоздавачи на иднината. Со инсталација со „училишни ранци“ во облик на срце и благодарност од Премиерот и ресорната министерка и Македонија се приклучи кон признанието и уважувањето на наставниците кои во услови на пандемија треба да пренесат знаење и да го чуваат здравјето на своите ученици.
Жители на Абас Емин револтирани заради чести прекини во водоснабдувањето
Се почесто без вода за пиење остануваат жителите кои живеат на краците кои се сечат со улицата Абас Емин. Се случуваат дефекти заради стариот цевковод на водоводната линија, информираат од ЈП Водовод. Тие ги санираат дефектите кои му се јавуваат на изведувачот кој работи на реконструкција на улицата Абас Емин. Апелираат граѓаните да бидат трпеливи бидејќи нивните екипи се ангажираат да ги поправат настанатите дефекти.
Студијата за ревалоризација на Охридско Езеро готова до крајот на годинава
До крајот на оваа година се очекува Финалната верзија на Студијата за ревалоризација на Охридско Езеро. Врз основа на студијата ќе се носи Законот за препрoгласување на Охридско Езеро како споменик на природата.
Царовска ги повика сите родители, ученици, директори на училишта и сите градоначалници да се однесуваат одговорно кон јавното здравје
Министерката за образование и наука Мила Царовска вели дека најавите за бојкот на наставата се неодговорни и дека сите носиме одговорност за заштита на јавното здравје.
Струшките средношколци бојкотираат он лајн настава
Струшките ученици од денес ја бојкотираат онлајн наставата, а учениците од Дебар протестираат. Гимназијата 28 Ноември од Дебар најави дека нема да ја почитува одлуката на комисијата од понеделник почнуваат настава со физичко присуство.