Skip to main content
Сеп 30, 2020

Здружението за борба против мозочен удар ,,Мозочен удар,, согласно со препораките на светската организација за мозочен удар во изминативе месеци се вклучи со повеќе активности во мисијата да се подобри статистиката при оваа болест.


Сеп 30, 2020

Процесот на замена на платежните картички ќе трае до 31 октомври 2020 година 30 септември, 2020 година Охридска банка АД Скопје го продолжува периодот предвиден за замена на платежните картички на своите клиенти, физички и правни лица.


Сеп 30, 2020

Во тек е експропријација на земјиште за потребите на Мепсо за изградба на трафостаница. Граѓаните може да не се согласат со понудената цена за експроприраното земјиште и да поведат судска постапка. Стручните лица советуваат засегнатите граѓани сами да не почнуваат постапки.


Сеп 30, 2020

Министерката за образование и наука Мила Царовска, имаше координативен онлајн состанок со над 200 директори од основни и средни училишта во државата. На состанокот се разговараше за сите актуелни прашања и за организираноста за стартот на учебната година во услови на пандемија.


Сеп 30, 2020

Со поставувањето на хоризонтална сигнализација се комплетира проектот за реконструкција на кракот од улицата „Даме Груев“. Обележувањето се изврши по сите сообраќајни стандарди.


Сеп 30, 2020

Во текот на изминатото деноноќие (29/30.09.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 870 прекршоци.


Сеп 29, 2020

Со сирени и ротациони светла колона амбулантни возила на брза помош денеска  направија обиколка по охридските улици со цел да влијаат на подигнување на јавната свест кај граѓаните за заштита и спречување на ширењето на корона вирусот. Воедно оддавајќи и почит на  прерано  починатата медицинска сестра Дијана Димоска и на сите жртви на Ковид-19 здравствените работници апелираат до граѓаните конечно да проработи совеста.


Ное 10, 2021

Епидемиолошката состојба во земјава бележи зголемување на новите случај на Ковид-19, почнувајќи во периодот пред две недели. Анализите покажуваат дека процентот на новодијагностицирани случаи се зголемува во однос на минатите недели, односно е зголемен за 25 проценти, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.