Утре во црквата „Света Софија“ – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Св.мч-ки Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија“
Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 30. Септември 2020 година (среда), во катедралната црква „Света Софија“ – Охрид, со почеток во 09:00 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Св.мч-ки Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија“.
Регистрирани 593 прекршоци по однос на мерката за неносење лична заштита на лице
Во текот на изминатото деноноќие (28/29.09.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 593 прекршоци.
76 годишен охриѓанец жртва на измамниците со лажни сообраќајни несреќи
76 годишен охриѓанец е последната жртва на низата измами во врска со наводни сообраќајни несреќи и плаќање на големи суми. Тој бил измамен од непознато лице за сума од 650 евра и 40.000 денари. Полицијата апелира до граѓаните да не наседнуваат на телефонски повици од непознати лица кои им бараат пари.
Денес се одбележува споменот на Светата маченичка Параскева-Св.Петка
На 10 ноември Православната македонска црква го одбележува споменот на Светата маченичка Параскева-Св. Петка.
Платежни картички за 100 самохрани семејства и 2837 охриѓани кои не бараат работа
Сега се опфатени 100-на охридски самохрани родители и 2837 невработени охриѓани кои не бараат работа со новата владина мерка. Ќе добијат платежна картичка во износ од 6000 денари. За 500 туристички агенции ќе бидат обезбедени грантови во вредност до 1,9 милион евра.
Се отвараат двата охридски домови за сместување на студенти и средношколци
Сместувањето ќе биде со редуциран број станари во собите според протоколите за работа. Има услови за работа и слободни места и во двата објекти, студенскиот дом Никола Карев и во ученичкиот интернат Ванчо Питошески.
643 прекршоци по однос на мерката за неносење лична заштита на лице
Во текот на изминатото деноноќие (27/28.09.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 643 прекршоци.
Медицинска сестра од Општа болница Охрид почина од Ковид 19
Денес Општа Болница Охрид тагува. Нашата медицинска сестра Дијана Димоска, родена на 29.09.1971 година во Загреб, ја загуби битката со подмолниот вирус COVID-19, објавија на официјалниот профил на Facebook од ЈЗУ „Општа болница“- Охрид.